Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривична за скопјанец кој праќал порнографски материјал на дете

0
By Нова ТВ on August 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 21, 2016 12:33

Единицата за економски и компјутерски криминал, поднесе кривична пријава до Основното обвинителство против 18-годишен Скопјанец, поради основи на сомнение дека во изминатиов месец користејќи ја социјалната мрежа „Фејсбук“, на 12-годишно девојче од Скопје во повеќе наврати и’ прикажал фотографии со порнографска содржина.

За кривичното дело „прикажување порнографски материјал на дете“, предвидено и казниво по член 193, од страна на судија на претходна постапка на сега пријавениот му е одземена патната исправа, забрането му е да го напушта домот во кој живее и задолжително еднаш во неделата да се пријавува во надлежен Суд.

Имено, И.Ц. на социјалната мрежа „Фејсбук“ креирал профил со лажни податоци и лажно име и на 28. јули му испратил понуда за пријателство на девојчето кое ја прифатило понудата и започнало електронска комуникација со пријавениот.

Во  комуникацијата И.Ц.  и’ кажал дека има 16 години и дека учи во гимназија и дека профиот од кој и’ го испратил барањето за пријателство, ќе го исклучи, а ќе и’ прати барање за пријателство од нов профил, кој исто така бил со лажни податоци.

Откако, девојчето го прифатила пријатеството испратено од новиот профил на пријавениот, истиот и’ пуштил фотографија со порнографска содржина и побарал од девојчето да му пушти слика на која ќе биде сликана гола.

По ова девојчето ја прекинало комуникацијата со И.Ц., при што истиот во уште два наврати и пуштил фотографии со порнографска содржина,  за што девојчето му кажало на својот татко, кој случајот го пријавил во Единицата за економски и компјутерски криминал.

По пријавувањето на кривично правниот настан Единицата за економски и компјутерски криминал, превзеде опсежни оперативно тактички мерки за утврдување на идентитет на лицето со Фејсбук-профили, при што е утврден пријавениот и истиот е лишен од слобода, а од домот му е одземен  еден пренослив компјутер, еден десктоп компјутер и друга ИТ опрема кои се предадени на вештачење.

Во извршениот разговор со И.Ц., тој изјавил дека одземената опрема од неговиот дом е користена само од него и ја потврдил елктронската комуникација со 12-годишното девојче, во која прикажувал материјали со порнографска содржина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 14, 2026

Скопје: Кривичниот суд објави кога на Никола Груевски му застаруваат делата

ВЕСТИ April 14, 2026

Кривичниот суд попладнево во соопштение информираше за тоа кога застарува извршувањето на сите изречени казни…

Филипче: Паѓаат автократите – по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски

April 14, 2026

Песков: Русија нема да му честита на Маѓар бидејќи Унгарија е непријател / Маѓар: Ако ми се јави Путин ќе кренам

April 14, 2026

Маѓар и до Груевски да ја заобиколи ИКЕА: Унгарија нема да биде засолниште за криминалци

April 13, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.