Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичната пријава на СДСМ за изборните манипулации, на разгледување кај Јанева

0
By Нова ТВ on November 26, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 26, 2015 18:31

СДСМ во март поднесе кривична пријава против Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и неименувани вработени во МВР за дела поврзани со локалните избори во 2013-та и претседателските и предвремените парламентарни избори во 2014-та.

Еден од предметите за кои Специјалното јавно обвинителство денеска побара предмет е кривична пријава од СДСМ против Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и неименувани вработени во Министерството за внатрешни работи за кривични дела – фалсификување исправа од чл.378 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и повреда на избирачкото право од чл.159 ст.2 од Кривичниот законик.

Според кривичната пријава поднесена на 20 март годинава, делата се сторени кон крајот на 2012-та и почеток на 2013 година, а се поврзани со локалните избори во 2013-та и претседателските и предвремените парламентарни избори во 2014-та.

„Второпријавената Гордана Јанкуловска како министер за внатрешни работии и третопријавениот Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски поттикнати од првопријавениот Никола Груевски како претседател на Владата на противзаконит начин овозможиле на друг да искористи избирачко право, иако знаеле дека тоа лице нема такво право, на начин што претходно стапиле во контакт со повеќе илјади лица од кои еден дел не живеат во Р Македонија, им определиле фиктивни адреси на живеење во непотоечки објекти во приватна сопственост и објекти кои се деловен простор кој не е наменет за живеење…“, се наведува во кривичната пријава.

Понатаму, се вели дека „на така утврдени адреси, спротивно на Законот за лична карта на повеќе локации низ земјава организирале НН лица вработени во МВР да спроведат печатење на јавни исправи- лични карти со невистинита содржина и таквите невистинити податоци“, „Јанкуловска ги доставила до ДИК која врз основа на истите податоци сочинила Единствен избирачки список, како и изводите од избирачките места со што ЕИС како јавна исправа станал јавна исправа со невистинита содржина, со што им било овозможемно учество во гласањето на лица кои немаат избирачко право на локалните избори 2013 година и на претседателските и предвремените парламентарни избопри во 2014 година“.

Во образложението на пријавата како доказ се наведуваат ЦД со снимка и транскрипт од водените разговори, објавени на јавна трибина од лидерот на СДСМ ЗОран Заев и на прес конференција од градоначалникот на скопската општина Центар Андреј Жерновски.

– Ќе обелодениме докази за се што правеле: од криминалите со издавања фалсификат лични документи на лица инструирани да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ; преку казни во илјадници евра на фирми, такси компании; најбезобразни притисоци врз земјоделците, администрацијата, наставниците, врз најранливата категорија граѓани – социјално загрозените. Како ги злоупотребувале пензионерите; како од позиција на власт масовно ги злоупотребувале институциите, што во текот на изборните процеси и за време на денот на избори работеле како изборни штабови на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе станете сведоци за нечовечките и недозволиви притисоци што одат до одвратни закани за завршувања на семејства ВО ЕНДЕК!, рече Заев објавувавајќи ја седмата „бомба“ од проектот „Вистината за Македонија“.

– Ќе слушнете како Јанкулоска признава дека во станови од по 40 квадрати се сместени по 50 луѓе од Пустец НА КОИ МВР ИМ ИМА ИЗДАДЕНО ЛИЧНИ КАРТИ, што е договарано, како што вели самата Јанкулоска, КОГА БИЛЕ КАЈ ПРЕМИЕРОТ! Ќе слушнете признание, од разговор со Јанакиески, дека во скопската општина Гази Баба, едни исти луѓе, донесени од Свети Николе, по 10 – 15 во стан, се водат на повеќе адреси во општината и гласаат по неколку пати, ќе слушнете разговор меѓу Јанкулоска и службеничка во МВР која известува дека во село со мал број гласачи, ставиле по 42-ца, 44-ца луѓе во една куќа! Ќе слушнете разговор меѓу Груевски и Јанакиески, во којшто Никола Груевски за загубата на ВМРО-ДПМНЕ во Центар ЛИЧНО констатира, цитирам: “Прв круг да ни беа преспанците, ќе завршевме работа“!, рече Заев.

Видео од бомбата 7:

Неколку дена подоцна, градонаначалникот на Центар Жерновски, на прес – конференција објави нова бомба за, како што рече, „фантомски гласачи за кои ни Јанкулоска не знае повеќе каде да ги смести… како министерот за транспорт, Миле Јанакиески, го ставил и движењето на лифтовите по зградите под своја контрола, па издавал налози да се гасат лифтови за старите луѓе да не можат да се спуштат “од 15 кат“…„како Јанакиески договара со заменичката во правда да добие Избирачки список, за да виделе кој гласал, а кој не, со цел да им прават притисоци на луѓето“…како Груевски жали колку преспанците ќе завршеле работа“… „како Груевски и Мијалков нарачуваат неважечки ливчиња во Центар за да има втор круг“… „како Јанкулоска и лице од општинската администрација во Центар договараат бришење на, цитирам, “`се од хард дисковите на комјутерите“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.