Одделението за илегална миграција и превенција при РЦ „Север“ поднесе кривична пријава против С.А. (39), Ќ.А. (37) и Ф.Е. (36) сите од Скопје за сторено кривично дело – “злоупотреба на безвизен режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот договор“ како и против Ф.М. (31) од Куманово, полициски службеник на ГП “Табановце“ за кривично дело -“помагање“.
Завчера во 23,45 часот, на ГП “Табановце“ од страна на српските погранични органи депортирани се 17 македонски државјани на кои претходно не им бил дозволен излез од Р.Србија кон Р.Унгарија, поради сомнение дека имале намера во европските земји да го злоупотребат безвизниот режим.
По преземени мерки од страна на полицијата и извршени разговори со депортираните лица е утврдено дека пријавените на депортираните лица кои се од подрачјата на Битола, Радовиш, Кичево, Велес, Неготино и Кавадарци им ветиле дека за паричен надомест од 250 евра по лице ќе им организираат транспрот до Германија.
Со таа цел лицата на 07 овој месец биле донесени во куќа во населбата Топана во Скопје, од каде што со такси возила биле префрлени до српско-македонската граница, и во договор со четврто пријавениот кој бил на работа на пасошка контрола на посочениот граничен премин, биле пуштени без да ги евидентира во системот за влез-излез на патници.
Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.




