Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривични пријави за 12 штипјани од Отпорот

0
By Нова ТВ on March 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 5, 2013 14:14


Штипската полиција поднесе 12 кривични пријави под сомнение дека сториле „спречување на службено лице во вршење на службена должност“ и “напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Според соопштението на МВР на 28 минатиот месец, околу 15.50 часот, пријавените заедно со група на граѓани се собрале во непосредна близина на влезот на СВР – Штип со намера насилно да влезат во просториите на СВР Штип и да спречат обавување на информативен разговор со три лица, на кои претходно им е издадена покана за водење службен разговор.

Билјана Казанџиска, пратеничка од СДСМ и кандидатот за градоначалник исто од СДСМ, Здравко Коцев следени од останатите пријавени и група на граѓани се упатиле кон влезот на кругот на СВР Штип, тие физички ги спречиле полициските службеници во вршењето на службено дејствие и продолжиле кон самиот влез на зградат на СВР – Штип.

Во соопштението од МВР се вели дека и по ангажирањето на дополнителен број на полициски службеници, формиран е кордон, дел од пријавените со употреба на физичка сила и туркање со раце ги нападнале полициските службеници.

Извикувале “убијци, убијци“, “полициска, партиска држава“, “диктатори“, “ајде да се тепаме…“ и сл.

Погледнете го видео записот од 28 февруари. Тогаш НОВА објави дека група поддржувачи на отпорот се судри со штипската полиција, откако членови и симпатизери на СДСМ биле повикани на информативен разговор во полициската станица поради инциденти на собирот на опозициските поддржувачи од утрината пред зградата на Фондот за здравствено и пензиско осигурување во Штип.

СДСМ: Полициска хајка во Штип

Реакција од опозиционата СДСМ, според кои овие пријави не се ништо друго освен политичка одлука и директна нарачка на политичкото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кое уште еднаш го злоупотребува Министерството за внатрешни работи за партиски цели во предизборна кампања.

„На истиот начин како што Груевски, преку Јанкуловска, нареди насилно отстранување на новинарите и пратениците на 24-ти декември, сега се обидува да изврши притисок врз опозицијата и да ги заплаши граѓаните.

– Проценката на режимот и овој пат е многу погрешна. Власта драматично греши ако мисли дека некого ќе уплаши. На овој начин само дополнително го зголемуваат револтот кај граѓаните и решителноста на опозицијата да ја порази оваа ненародна власт, се вели во реакцијата од СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.