СВР-Скопје поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје, против лицата, К.С. (19) од Скопје и и Х.П. (22) од Прилеп заради постоење основано сомнение дека истите се сторители на кривично дело “тешка кражба“ предвидено и казниво по член 236 од КЗ на РМ.
Пријавените на 23 овој месец, околу 03,00 часот, на улица “Јане Лукровски“, б.б., Скопје, од просториите на ОУ “Стив Наумов“, извршиле кражба и противправно присвоиле 61 подвижен (лап-топ) компјутер (марка „Комтрејд“), и при тоа причиниле материјална штета која дополнително ќе биде утврдена. Во просториите на основното училиште влегле со насилно отворање на еден од прозорите од училниците, и од повеќе училници, вкупно одземале 61 компјутер. По извршената кражба, сторителите со велосипедот со мотор го напуштиле местото, носејќи ги со себе украдените компјутери (сместени во седум ранци) и се упатиле во куќата на С.К. Украдените компјутери ги сокриле во шупата што се наоѓа во дворот од куќата.
По добиени оперативни сознанија, на 25 овој месец, во просториите на ПС Гази Баба, приведено е лицето С.К. и по извршениот разговор со него истиот го признал делото. По обавениот разговор со осомничениот и добиената судска наредба, истиот ден, извршен е претрес во домот на А.К. (татко на приведениот), каде се пронајдени вкупно 47 лап-топ компјутери, 5 мауси, 52 адаптери-полначи за лап-топ, и еден ранец. Веднаш потоа, приведено е и лицето Х.П., од кого е одземен еден лап-топ, еден маус и еден полнач, и по
обавен разговор со него, истиот го признал делото.
Пронајдените предмети се одземени со потврда за привремено одземени предмети.




