Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривични пријави за поранешни функционери во Агенција за филм

0
By Нова ТВ on December 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави против двајца поранешни директори на Агенцијата за филм на Република Македонија – Д.Б, директор во периодот од 25 декември 2008 до 3 ноември 2015, и М.Ѓ.И., директор од 3 ноември 2015 до 3 август 2017 година, како и против Д.Д., претседател на Управен одбор на Агенцијата за филм. Тие се осомничени за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Спротивно на  Законот за филмска дејност, ,Д.Б. и М.Ѓ.И. во својство на директори на Агенцијата за филм, од 2008 до 2016 година со неизвршување на својата службена должност и без должен надзор му овозможиле на Д.Д, претседател на Управен одбор на Агенцијата за филм, именуван од Владата на Република Македонија, истовремено да учествува и како филмски работник (директор на фотографија и кинематографер) во реализација на 10 филмски проекти финансирани од Агенција за филм на Република Македонија, а кои се претходно одобрени и од самиот Д.Д.

– Притоа на Д.Д. му е овозможено да прибави корист за себе во вкупен износ од 6.580.885 денари, и тоа преку продуцентските куќи: ТД Смалл Мовес ДООЕЛ Скопје, ТД Круг Филм ДООЕЛ Скопје, ТД Партизанс ДООЕЛ Скопје, ТД Сектор Филм ДООЕЛ Скопје и ТД Фрагмент Филм ДООЕЛ Скопје, соопшти Управата за финансиска полиција.

Таа посочува дека во член 32 став 1 од  Законот за филмска дејност е предвидено  директорот на Агенцијата, член на Советот, рецензентите, советниците и другите надворешни соработници, претседател и членовите на Управен одбор и вработен во Агенцијата, поради судир на интереси да не може да учествуваат на конкурс на Агенцијата, ниту да учествуваат во реализацијата на проект кој добил средства од Агенцијата.

Агенција за филм кривични
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.