НОВА ТВНОВА ТВ

    Subscribe to Updates

    Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

    What's Hot

    Оската на отпадниците

    September 19, 2023

    Министерството за култура повторува, сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани

    September 19, 2023

    Зеленски пред Бајден и Лавров во Њујорк ќе ја претстави својата визија за завршување на војната во Украина

    September 19, 2023
    НОВА ТВНОВА ТВ
    • ДОМА
    • ВЕСТИ
    • ПОЛИТИКА
    • СТАВ
    • ЕКОНОМИЈА
    • ОПШТЕСТВО
      • ЗДРАВСТВО
      • ОБРАЗОВАНИЕ
      • ЧОВЕКОВИ ПРАВА
    • ЕУ – НАТО
      • ЕУ БЛОГ
    • РЕГИОН
    • СВЕТ
    НОВА ТВНОВА ТВ
    Home » Кривични пријави за седум демонстранти на Шарената Револуција
    ВЕСТИ

    Кривични пријави за седум демонстранти на Шарената Револуција

    By Нова ТВJune 3, 2016Updated:June 3, 2016No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter LinkedIn Email
    СПОДЕЛИ
    Facebook Twitter LinkedIn Email

    СВР Скопје-Единица за насилен криминал, до основното Обвинителство поднело кривични пријави против седум демонстранти поради постоење основи на сомнение за извршени две кривични дела „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ и поради постоење основи на сомнение за извршено едно кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

    Пријавите се однесуваат за шарањето со катапулт на објектите Порта Македонија и Министерството за култура, а доказите се обезбедени преку видео запис и фотографии снимени од страна на крим техничари од СВР Скопје ангажирани за време на одржување на протестите, а во консултација со ЈО симнати се и фотографии,  објавени на отворен интернет портал.

    Пријавите се за демонстрантите со иницијали П.Б. М.З., И.М., С.С.К., А.Г. и Н.П. сите од Скопје и А.К. од Охрид.

    Како што се вели во соопштението на МВР, првото кривично дело е извршено за време на одржување на ненајавени протести организирани од страна на група граѓани-граѓанско здружение „Протестирам“, на 18.04.2016 година од 18:00 часот до 21:00 часот, кога протестот се одвивал на просторот испред Зграда на Министерство за култура на Република Македонија,за кој МВР истакнува дека е објект е значајно културно наследство.

    „Имено, П.Б. кој активно учествувал на протестот, со намера да нанесе штета, употребил повеќе балони наполнети со боја кој ги фрлал во правец на Министерството за култура на Република Македонија каде ги оштетил надворешните ѕидови –  фасада на зградата. Од страна на Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија кои биле ангажирани на обезбедување на протестот пред Зградата на Министерството за култура, доставен е снимен видео материјал од одржаниот протест. Врз основа на извршениот увид во снимениот видео материјал, идентификуван е прво пријавениот како учесник во толпата на одржаниот протестен собир.

    Второто кривично дело, извршено од страна на претходно пријавениот П.Б. и М.З., И.М., С.С.К., А.Г. и Н.П., извршено е на 30.05.2016 година од 19:00 до 20:00 часот, за време на одржување на протест пред објектот „Порта Македонија“, лоциран на ул.„11 Октомври“, бр.4А – Скопје, кој објект е недвижно културно наследство-културен споменик, со што причиниле материјална штета околу 3000 евра во денарска противредност.“ се вели во соопштението.

    Пријавениот Н.П. кој во вторниот беше приведен како возач на возилото на Шарената револуција, МВР соопштува дека извршиле претрес во возилото и  запленети се канти со боја и импровизирани направи – катапулти за исфрлање на боја.

    Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
    НАЈЧИТАНИ

    Оската на отпадниците

    АНАЛИЗА September 19, 2023

    Пишува: КАРЛ БИЛД* / Project Syndicate Руските договори за оружје со Северна Кореја и Иран укажуваат на појава на…

    Министерството за култура повторува, сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани

    September 19, 2023

    Зеленски пред Бајден и Лавров во Њујорк ќе ја претстави својата визија за завршување на војната во Украина

    September 19, 2023

    На УКРО почна подготовката за поставување на новиот аксцелератор

    September 19, 2023

    Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

    Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

    Facebook
    • Редакција
    • Маркетинг
    © 2023 НОВА ТВ

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.