Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривични против поранешното раководство на Министерството за култура

0
By Нова ТВ on December 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 28, 2017 12:28

Управата за финансиска полиција на Република Македонија поднесе кривични пријави против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, нејзиниот заменик Драган Недељковиќ и против Ѓ.Т., државен советник за финансиски прашања и раководител на сектор за финансии во Министерството за култура.

Осомничени се за кривично дело „Несовесно работење во службата“ и причинување штета на Буџетот во износ од 170.671.444 денари или 2.770.640 евра.

Како што е наведено во соопштението од Управата, во периодот од јули 2009 до февруари 2017 тројцата осомничени со пропуштање должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности, на начин што спротивно на член 581 став 2 од Законот за трговски друштва, кој децидно наведува странски друштва не можат да вршат дејност на територијата на Република Македонија се додека не организираат подружници, примиле времени ситуации – фактури од странскиот правен субјект Светлост Театар ДОО Белград, кој не е регистриран даночен обврзник во Република Македонија.

Во нив незаконски бил вкалкулиран дополнителен износ претставен како ДДВ од 18 проценти, при што министерот и заменик-министерот потпишале шеесет и четири решенија за преведување средства, а раководителот на сектор за финансиски прашања потпишала налози за исплата на парични средства на штета на Буџетот на Република Македонија, со кои извршиле плаќање во странство врз основа на 11 договори за извршување услуги, стоки и работи.

– Притоа, спротивно на член 14 став 2 од законот на ДДВ, извршиле потивзаконска исплата на ДДВ надвор од границите на Република Македонија, иако извршените услуги, стоки и работи од страна на Светлост Театар ДОО Белград се спроведени на територијата на Р. Македонија, на кој начин со пропуштање должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности при што на износот од 18.163.131,03 евра или 1.117.032.556 денари причиниле штета на буџетот на Република Македонија во износ од 170.671.444 денари или 2.770.640 евра, соопшти Управата за финансиска полиција.

кривични министерство за култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.