Вчера (23 август) полициски службеници на СВР Тетово, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека 15 лицa од Teтово и тетовските села Слатино, Доброште, Лисец, Одри, Терце и Јажинце, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и не биле пронајдени во своите домови. Против овие лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.