За време на денешниот митинг во Венецуела, пред воената база во Каракас, дошло до пукотници од група на луѓе во воени униформи кои биле во придружба на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо и војници кои го поддржуваат претседателот Николас Мадуро. Претходно, венецуелските безбедносни сили фрлија солзавец на Гуаидо и неговата група.
Гуаидо денеска најави дека ја почнал „завршната фаза“ од својот план за смена на претседателот Николас Мадуро, повикувајќи ги Венецуелците и армијата да го поддржат „и да стават крај на узурпацијата“.
Тој на својот профил на Твитер објави видео на кое држи говор во присуство на луѓе во воени униформи и опозицискиот политичар Леополд Лопез, кој е во куќен притвор.
„Националните вооружени сили донесоа исправна одлука и сметаат на поддршката на венецуелскиот народ“, рече тој.
Владата на Венецуела соопшти дека тоа е мало востание и го обвини Гуаидо за започнување на државен удар.