Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кризен менаџмент

0
By НОВА ТВ Balaban on July 26, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 26, 2021 10:50

Пишува: Емил Димитриев

Актуелна и многу често спомнувана тема е управувањето со кризи или кризниот менаџмент. Глобално, човештвото од одамна, а сигурно и во иднина, ќе претставува еквилибриум на постојани кризи, промени и тенденции за одржување на рамнотежа во истиот. На овие процеси влијае човекот и природата како фактори кои се во голема меѓузависност. Неодамнешните големи човечки и материјални загуби од поплавите во една од најразвиените земји во светот, Германија, беа уште едно потсетување дека оваа проблематика не треба да се потцени, а заканите да се занемарат. На национален план не толку одамна беа поплавите во Скопје со големи човечки и материјални загуби, секое лето предизвик се пожарите и најновата актуелна криза – пандемијата. По правило, во сите кризни ситуации постигнуваме висока усогласеност дека системот за кризи во нашата земја не функционира на посакуваниот начин. И сè така до наредна криза или, не дај Боже, катастрофа. Ако гледаме дека и најсилните земји страдаат од природни и неприродни непогоди, што станува збор за мали земји како нашата, па уште да си  дозволиме  „луксуз’’ да не бидеме максимално организирани. Организирани колку што ни овозможуват човечките и материјалните ресурси како држава.

Видовме дека непогодите не бираат по национална и партиска припадност и не треба да мешаме политика за да заклучиме дека треба нешто да направиме на овој план. Нашиот систем за одговор на кризи е креиран во 2004/2005 година, со формирање на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Двете институции се формирани со издвојување на вработени од Министерството за одбрана ( од секторот за цивилна заштита ) и помалиот дел од Министерството за внатрешни работи. Се разбира, во одредена фаза во кризната состојба, со посебна процедура е предвидена и употреба на армијата. Согледувајќи ги резултатите од подготвеноста и оперативноста на системот за кризи, како поранешен заменик министер за одбрана на седница на влада иницирав реформа на системот за спречување и менаџирање на кризи. Претходно направив обемни консултации со стручни луѓе од областа, како и со вработени во двете институции, кои, исто така, сметаа дека е неопходна реформа. На владата ѝ предложив експерт од областа, кој е расположен да помогне во реформата, Македонец кој предава на универзитет во една од најмоќните земји во светот. Владата ја прифати иницијативата и експертот и го задолжи Министерството за транспорт и врски да координира со реформата. Сметам дека тука се направи грешката, наместо, како што е во најголем дел од земјите ова област ја координираат Министерството за одбрана или Министерството за внатрешни работи.

По природата на предизвикот и согласно нашето законодавство, мое мислење беше дека Министерството за одбрана требаше да ја менторира оваа реформа. За жал иницијативата тука заврши, надлежното Министерство не пројави интерес ова да се рализира. Колумнава нека биде уште едно извинување до професорот со кој имавме амбициозни планови. Плановите и размислувањата ќе ги споделам во интерес на она што сите го посакуваме, а тоа е ефективен кризен менаџмент. Првична слика и тогаш и сега за нашата подготвеност како земја за кризни состојби е дека за релативно мала земја дискутабилна е оправданоста од две институции, со непрецизна поделба на надлежност (во меѓувреме се работеше на ова), и со лимитирани човечки особено материјално технички ресурси. Постои огромен простор од аспект на доуредување на легислатива за изработка на соодветни закони, протоколи и процедури како да функционираме како општество во кризна состојба (пандемијата ова експлицитно ни го покажа).

И тогаш и сега сум во дилема која е оправданоста од две посебни институции, демек, едната е за јавување и координирање, а другата ја има оперативната надлежност за справување со истата, општо кажано вака изгледа денешната поставеност. Втор момент е структурата на кадровскиот потенцијал, каков е бројот и соодносот на административниот кадар во однос на оперативните сили. Постои консензус во стручната јавност дека кризниот менанџмент е посебна област и за таа цел на Воената академија започнавме да едуцираме профили соодветни на потребите, за жал, и тоа се прекина. Трет факт е исклучително ниското ниво на опременост, со соодветна техника за реализација на задачите, за што е потребен и соодветен буџет. Затоа досега најлесно беше да се ангажира армијата како најорганизирана институција, меѓутоа тоа е далеку од современ систем за цивилна заштита. Накратко ова се најкрупните дилеми зад кои се кријат десетици важни детали. За мене најблизок пример на цивилна заштита е словенечкиот модел, една институција, со одлична регулатива и опременост во надлежност на Министерството за одбрана.

Емил Димитриев кризен менаџмент тема управување со кризи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 29, 2026

Платформата за борба против корупција со апел до Претседателкарта на Република Северна Македонија  

ВЕСТИ January 29, 2026

Платформата за ГО за БПК поднесе допис до Претседателката на Република Северна Македонија проф. д-р…

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

January 28, 2026

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.