Светскиот македонски конгрес денеска најави дека крстот во скопската населба Аеродром ќе биде висок 56 метри, а не 33 како што беше предходно најавено.
Инвеститор е Светскиот македонски конгрес, а донатори се Македонци и македонски компании од земјава и од странство.
Според Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес ваквата одлука била донесена бидејќи собрале повеќе пари па решиле крстот да го направат поголем.
Ова религиозно обележје ќе се наоѓа во близина на средното хемиско училиште „Марија Кири Слодовска“ меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и булеварот „Србија“, а се очекува изградбата да заврши до крајот на март 2014 година.
Во споредба со крстот на Водно, кој е висок 66 метри, а беше подигнат во 2002-та година, овој во Аеродром ќе биде за само 10 метри понизок.
Крстот на Водно беше изграден во чест на две илјади години христијанство во Македонија и доаѓањето на новиот милениум.




