Остатоците од луксузниот италијански брод „Коста Конкорсија“ денеска успешно се подигнати и подготвени за одвлекување до бродоградилиштето во Џенова.
Бродот тежок 114.500 тони и долг 290 метри, според планот, од 20. јули би требало да се движи со брзина од две наутички миљи на час во должина од околу 240 километри кон север, до пристаништето во Џенова, каде би требало да стигне на 24. јули, доколку дозволат временските услови.
„Проектот досега чини околу една милијарда евра, но најверојатно ќе чини и повеќе. Не е вклучен транспортот до Џенова, како и демолирањето на бродот. Верувам дека ќе достигне сума од милјарда и пол евра“, рече Микаеле Там-диерктор на компанијата Коста Конкордија.
Голем број работници полека ја кревале Коста Конкордија, со вмумпување воздух во резервоарите прикачени на бродот.
Бродот „Конкордија“ удри во гребен во близина на италијанскиот остров Џиљо во јануари 2012 година и се преврте, а во несреќата загинаа 32 патници.