Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крвава тепачка во скопско Злокуќани општина Карпош -две групи локални жители во меѓусебна тепачка употребиле метални прачки, лопати, секири, ножеви има и потешко повредени

0
By Marija Todorovska on June 19, 2024 ВЕСТИ
Фото: 24инфо
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за внатрешни работи објави дека ноќта на 16-ти јуни поради нарушени меѓусоседски односи, настанала физичка пресметка помеѓу двајца полнолетни и тројца малолетни жители од населбата Злокуќани општина Карпош при што на петмина им се нанесени значителни телесни повреди кои ноќта тие се пренесени во Ургентниот центар на клиничките болници „Мајка Тереза“.

По неколку часа таму пристигнале неколкумина припадници на другата од раскараните страни кои со тврди предмети ги нападнале роднините на повредените кои на клиниката дошле да се информираат за здравствената состојба на своите блиски.

Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Центар од слобода ги лишила петтемина напаѓачи, во полициска станица биле приведени уште двајца, а на разговор се повикани и тројца малолетници исто така учесници во инцидентот.

Општина Карпош преку соопштение реагираше на синоќешен инцидент во населбата во Злокуќани. Такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви (за среќа извадениот пиштол не успеал сопственикот да го репетира), е незапаметено во историјата на Карпош.

Оваа масовна тепачка во ова населено место не е прва. Дел од ромската населба во Злокуќани станува гето, опасност за живеењето на жителите кои сакаат мирно да ги поминуваат деновите, но уште поопасно за граѓаните кои што гравитираат во тој дел како и фирмите кои што имаат имот во оваа населба. Готово да нема граѓанин кој што физички не е нападнат.

Не постои куќа или фирма која повеќе пати не е брутално ограбена, а сторителите се познати и на мештаните и на органите на прогон. За насилниците од оваа населба градоначалникот на општината повеќе пати изврши разговор со полициската станица Карпош и со Основното јавно обвинителство за да насилниците бидат санкционирани, затоа што овие луѓе не само што ги загрозуваат жителите на Злокуќани, туку и жителите на Бардовци и Влае 1, се вели во соопштението на општината. Општина Карпош бара од полицијата, обвинителството и судот, најстрого да бидат санкционирани учесниците во оваа нецивилизирана, преполна со агресија тепачка својствена на средниот век, а не на цивилизирана заедница како што е оваа општина.

Доколку овој немил настан не се санкционира соодветно, а границата е помината веќе со години, состојбата ќе биде уште полоша, а агресивните насилници ќе земаат се повеќе замав, се додава во соопштението на општина Карпош.

Злокуќани Мајка Тереза општина Карпош тепачка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.