Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крвожедноста на лустраторите

0
By Биљана Секуловска on April 11, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 11, 2015 11:31

Тогаш, кога времето ќе биде поминато, ова време сегашно, на несовест и нечовечност, тогаш кога некои други луѓе, потомци на сегашниве нелуѓе ќе ги листаат списоците за отстрел, меѓу кои се и оние на лустраторите, оние со кои нивните предци се изживуваат сега, тогаш некој ќе мора да ја каже вистината.

Потомците на сегашниве нелуѓе ќе бидат први кои ќе поставуваат прашања, први кои ќе ја сфатат тежината на зборот, први кои ќе ја изговорат пресудата- таа не се вика никако поинаку, туку Совест.

Ќе ги глода и притиска овој наслов на една песна на Блаже Конески, чии песни веројатно ќе останат во архивите, ако не бидат во меѓувреме запалени од нелуѓето но и да се случи тоа, од судот на колективната меморија на еден народ не може да се преживее, не може да се дочека ново утро.

Како вели Конески, џинот од Небрегово, кој и не знаејќи, ја посветил оваа песна и на Антонио Милошоски, истиот тој кој го нарекуваше Конески “џуџето од Небрегово”. Затоа што од лентите на прислушување ќе слушнеме дека Милошоски е еден од нарачателите на лустрација кај егзекуторот, Томе Аџиев.

“А тоа сонце пече право в теме.
Сосем си гол.
Нигде сенка.
Залудно ги креваш рацете над глава.
Шмука и пече совеста”.

Ќе дојде ден, кога потомците на овие нелуѓе, месо на нивното труло месо, крв на таа нечиста крв, совест на нивната несовест, човечност на оваа нечовештина, ќе замолчат пред доказите, документите, сведоштвата, поезијата, тетарските претстави, книгите, уметничките дела, научните трудови, новинарските текстови, анализи и истражувања на Славко Јаневски, на Љубомир Фрчкоски, Владимир Милчин, Ѓунер Исмаил, Јадранка Костова, Томе Серафимовски, Божин Павловски, Ѓорѓи Спасов….

После невремиња, доаѓаат денови кога прогонува совеста и соголува- и предците и потомците нема да можат да се одбранат од незаборавот на крвожедноста на лустраторите. И да ги искинат и запалат сите страници од историјата, сите записи и документи, нема да можат да се ослободат од сеќавањата, макар биле само на еден човек, дури и само тој да остане. Тој ќе ги потсетува на совеста и тој ќе биде самата совест.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.