НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КСС нема да учествува на утрешниот протест, кога ќе бидат дискриминирани или загрозени нивните права ќе излезат

0
By Marija Todorovska on April 30, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) нема да учествува на утрешниот синдикален протест по повод 1 Мај. Смета дека во земјава има добар социјален дијалог и организирано синдикално движење, како и дека проблемите секогаш се решаваат на маса.

Според претседателот на КСС, Благоја Ралповски, и без репрезентативни синдикати, на ниво на грански синдикати се разговарало со Владата која покажала подготвеност од 1 мај да почне повторно и поголемо зголемување на платите во јавниот сектор, но, зошто тоа нема да се случи, треба, оцени, да кажат оние што утре ќе протестираат.

Утре ќе бидам дома со семејството. Оваа, како и претходната година кога ги повикавме сите пратенички групи да го дадат своето размислување во делот на програмите, да ветат пред нас, сакаме да ги решаваме проблемите низ дијалог. Всушност, секогаш решавањето на проблемите на крајот доаѓа на маса, низ социјален дијалог. Сега велиме дека имаме добар социјален дијалог и затоа на ваков начин го одбележуваме 1 Мај. Кога ќе почувствуваме дека ќе бидат загрозени нашите права или ќе бидеме дискриминирани, тогаш, бидете сигурни, нема да го чекаме 1 Мај, туку веднаш ќе излеземе на протест, дециден е претседателот на КСС, одговорајќи на новинарски прашања по конференцијата „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“.

Тој потенцира дека КСС секогаш излегувала на протест кога за тоа ќе почувствувала дека има потреба.

Во Македонија има синдикално движење и секогаш низ годините кога ќе сме почувствувале потреба, сме излегувале на протест. Тоа сме го докажале, независно дали се работело за протест или штрајк. Каде го гледаме добриот социјален дијалог? И без репрезентативни синдикати, на ниво на грански синдикати, разговаравме повторно со Владата и имаше спремност од нејзина страна од 1 мај да почне повторно и поголемо зголемување на платите во јавниот сектор, но сега ќе ги прашате оние што излегуваат утре на протест зошто одбиваат да се согласат и зошто вработените од 1 мај повторно нема да земат  зголемување на платите во министерствата, агенциите и управите, подвлече Ралповски.

Според него, одговорноста за хаосот што настана во одредени институции со неисплаќањето плати, треба да се бара во оние што ги водат тие институции.

Универзитетскиот професор Лазар Јовевски во однос на репрезентативноста на синдикатите изрази уверување дека тоа прашање ќе биде апсолвирано многу скоро и дека потоа ќе резултира со квалитетен социјален дијалог.

Досега оние неколку средби на Економско-социјалниот совет покажаа дека Владата, но и социјалните партнери искрено постапуваат. Премиерот беше присутен и активно учествуваше во разговорите, покажа високо ниво на отвореност, соработка и транспрентнсот што социјалните пратнери го нотираа каков нов приод, нов бран, нова позитивна промена и тоа треба да продолжи, изјави Јовевски.

Професорот смета дека постои различен приод во утврдувањето и покачувањето на платите во јавниот сектор, што доведе, како што оцени, до какафонија. Тоа треба да се надмине и треба, порача, да се стави ред во системот на плати во јавниот сектор.

Системот на платите во јавниот сектор е уреден како и досега. Ова е затекната ситуација со која се соочуваме се обидуваме да ја надминеме. Постои, би рекол, различен приод во утврдувањето и покачувањето на платите поради недостиг на одредено системско, пред се законско решение. Ако такво решение постоеше, ќе имавме унифициран систем, но сега системот се темели на колективните договори и на одредени интерни акти на одредени институции или органи кои во рамки на социјалниот дијалог ги креираат политиките на плати и затоа гледаме една какафонија. одреденеи институции договориле покаќување на плати,д руги немат, некаде се применуваат општите акти, од Општиот колективен договор, некаде има грански колективни договори. Навистина, има систем на различност кој треба да се надмине. Треба да се стави ред во системот на плати во јавниот сектор кој би требало да почива на одредени законски решенија, унифицирани за целиот јавен сектор, а потоа определени сектори во рамки на јавниот сектор да имаа додатоци на плати кои ќе валоризираат зголемен обем на работа, поголема оптовареност на административни службеници кои работата и во иста институција, но на различни места во државата. Обемот на работа во Скопје и во некој друг град е поинаков и тоа секако треба да се валоризира и да се реши, објасни професорот.

Утрешниот синдикален протест го квалификува како легитимно право на ССМ.

Но, треба на сите да им биде јасно дека на крајот, и оние што протестираат и оние што разговараат и оние што критикуваат, ќе треба да седнат на маса како социјални партнери. Тоа е единствениот легитимен, демократски и зрел начин за да се решат проблемите во државата, подвлече Јовевски.

КСС плати Први мај протест ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.