Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КСЗД: Екс директорот на Националната филхармонија Котевски да ѝ се извини на диригентката Илкоска Имери

0
By Zoran Ivanov on October 1, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација – КСЗД, утврди директна дискриминација врз основ на лично својство во областа на работата и работните односи врз диригентката Дијана Имери Илкоска од Александар Котевски, поранешен в. д. директор на Филхармонијата.

На почетокот на јануари годинава, Филхармонијата ја отпушти Дијана Илкоска Имери , а како што објави таа тогаш, ѝ бил забранет пристап во филхармониската зграда. Неколку дена потоа ѝ бил забранет влезот во нејзината матична куќа, додека нејзиниот уметнички профил како диригент бил избришан од официјалната вебстраница на институцијата. Таа тогаш објави дека ѝе сторена институционална неправда и побара од надлежните и од Синдикатот на културата – СКРИМ да го разгледаат нејзиниот случај.

Се вработив во НУ Филхармонија на РСМ во јули 2022 година на место Стручен соработник за музичка архива-нототекар, работна позиција за која се согласувам дека сум преквалификувана согласно моето образование и професионално портфолио, како и моето досегашно искуство и кариера како диригент. Но, откако се поништи местото диригент во систематизацијата на Филхармонија во 2019 година, решив да прифатам вработување на работно место Нототекар во оваа институција на место на пензиониран колега (не специјално отворено работно место за мене) поради мојата желба во таа институција да напредувам и да го дадам својот максимум како работник, но и како музичар и уметник. Изминативе две години (од 2022 до 2024 година) мојот договор се засноваше на определено време и се продолжуваше со анекс кон договорот секоја календарска година. Според Законот за работни односи, член 46, став 3, договорот за вработување на определено време може да се трансформира во работен однос на неопределено време ако работникот работи повеќе од две години на работното место кое е ослободено по основ на пензионирање или други основи и за кое се обезбедени финансиски средства, доколку работодавачот утврди дека има трајна потреба од работникот. Со оглед на оваа одредба од законот и горенаведените услови кои ги исполнувам, поднесов писмено барање до Филхармонија мојот договор да се трансформира на неопределено време, а по истекување на рокот предвиден за одговор на моето барање откако не добив никаков одговор од институцијата, започната е судска постапка меѓу мене и институцијата која е сеуште во тек и која е некаква гаранција за мое враќање на работното место таму. Филхармонија, свесна за сето ова, не само што не побарала трансформација на мојот работен однос на неопределено време (со што тужбата би била повлечена веднаш и би се избегнале големите финансиски трошоци за институцијата во случај пресудата да биде во моја корист), туку наместо тоа побарала од Министерството за култура и туризам повторно продолжување со анекс договор на определено време. Истовремено, не го предвидува моето работно место во планот за вработувања за 2025 година“, објави во јануари Дијана Илкоска Имери.

Замислете, бара јас да продолжам да работам, но не ме планира во годишниот план за работни места. Каква е оваа небулоза? Каков е овој контрадикторен пропуст и како настанал? Филхармонија не ги прави овие договори и годишни планови ‘сефте’. Всушност, токму овој пропуст е причина за одбивањето на финансиска согласност од страна на ресорните Министерства. Откако побарав образложение од Филхармонија зошто е така постапено, првично не добив одговор поради тоа што бил во тек судски спор, а во понатамошен разговор ми беше посочено дека не ги исполнувам критериумите за трансформација на мојот работен однос бидејќи работодавачот немал трајна потреба од работникот. Уште една небулоза! Се бара продолжување, но нема потреба од работното место, а го нема ни во план! Згора на се’, од завчера забранет ми беше пристапот во зградата (како некој кој не работи повеќе во таа институција) освен со специјално одобрение од службено лице задолжено за обезбедување, кажа тогаш Илкоска Имери.

Од Комисијата објаснуваат дека сите наведени и низа други недоследности биле причина Имери Илкоска да поднесе претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во  март. Имајќи ги предвид наводите и доказите од претставката, наводите и доказите од поднесоците за произнесување, Комисијата донесе мислење дека во конкретниот случај е извршена директна дискриминација од Александар Котевски.

Во поднесокот за произнесување Котевски не ја навел причината поради која не ја завршил започнатата постапка за трансформација, а дополнително останува спорно врз основа на каква претходна анализа и проценка го изменил првичниот став на институцијата дека постои потреба од вработувањето на неопределено време непосредно по неговото назначување на функцијата. Симптоматично е и тоа што, и покрај изменетиот став, тој сепак побарал согласност за вработување на определено време во траење од една година, вели Комисијата во мислењето.

За забраната, односно ограничување на влезот на Илкоска Имери во институцијата, Котевски не докажал постоење на легитимна цел и оправданост за поставување на листа на која изрично било наведено дека подносителката може да пристапи во институцијата исклучиво со претходна дозвола. Иако Комисијата оценила дека не е спорно правилото надворешните лица да влезат во објектот со најава и одобрение од директор, останува спорно зошто името на Илкоска Имери било јавно објавено на пријавницата со дополнително нагласување дека таа може да биде пуштена во институцијата единствено со претходно одобрение, доколку ова правило важи подеднакво за сите надворешни лица. Исто така, за бришењето на уметничкиот профил на Илкоска Имери како диригент од веб страницата на Филхармонија, Котевски не успеал да докаже дека бришењето претставува резултат на техничка грешка, а од увидот во доставениот извадок неспорно произлегува дека профилот бил последен пат уредуван, бришен и враќан, на 17-ти јануари 2025 година, односно само неколку денови по нејзината реакција и забелешка во јавноста дека профилот бил отстранет, оцениле во Комисијата.

КСЗД утврди препорака во која стои дека, во рок од 30 дена, екс директорот Котевски да ѝ се извини на Дијана Илкоска Имери за сторената дискриминација, а доколку не постапи по неа, Комисијата, согласно своите надлежности, ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци.

 

дискриминација илкоска имери комисија Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.