Заменик- премиерот на Косово, Хајредин Кучи денеска доаѓа во Македонија на разговори во Владата за надминување на проблемите кои настанаа меѓу двете држави.
Кучи синоќа разговарал со претседателот на ДУИ, Али Ахмети со кого се согласиле дека оваа ситуација мора да се надмине што е можно побргу и да се нормализира пазарот како и движењето на луѓето и стоката информираат од седиштето на ДУИ.
Заменик – премиерот на Косово, Хајредин Кучи, во синоќешното интервју за телевизија Клан, го нарече премиерот Груевски „последниот националист во регионот“ и упати сериозни обвинувања на негова адреса
Косовската влада целата вина за ескалацијата на состојбата ја префрли на Владата во Македонија, за која Кучи оцени дека функционира врз база на национализам, а не на флексибилност и идејата за евроинтеграции.
-Груевски е последното прибрежиште на националистите што останаа во регинот. И тие во Белгарад се сменија. Она што го прави Груевски, го прави за да не прикажуваат на BBC и CNN. Јас не сакам да не има на телевизија поради ова. Таа политика на прво мести и штети на нивната држава, па потоа и на другите – изјави Кучи во интервјуто за Клан ТВ.
Иако македонската влада се воздржа од коментар за ембаргото со Косово, од таму пристигаат остри тонови на адреса на Владата.




