Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќучук – Бучковски: Владите да му го свртат грбот на национализмот – за ѕидовите нема место меѓу двете држави

0
By Нова ТВ on January 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европратеникот од ДПС/Обнови Европа Илхан Ќучук, кој е постојан известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија и специјалниот пратеник на Владата на Северна Македонија, Владо Бучковски, на денешната средба во Софија размениле идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. Според Ќучук, на Северна Македонија и е потребна политичка стабилност и силна проевропска агенда што ќе обезбеди продолжување на процесот на евроинтеграција, објави 24 часа.

-Треба да се врати довербата во договорот за добрососедство. Само преку неа можеме да изградиме долгорочно разбирање и пријателство. Клучот за успешни добрососедски односи е да се изградат заеднички инфраструктурни, образовни и културни проекти што ги поврзуваат двете земји. Убеден сум дека многу наскоро владите на Бугарија и Северна Македонија ќе му свртат грб на национализмот и ќе се ангажираат во конструктивни преговори, бидејќи ѕидовите немаат место во нашите односи, смета тој.

Европратеникот Ќучук го уверил Бучковски дека, како постојан известувач на Европскиот парламент, тој ќе продолжи да работи за создавање план за соработка меѓу двете земји, кој ќе има конкретни цели и програма за надминување на отворените билатерални прашања, што ќе овозможи официјално да започнат преговори за пристапување во ЕУ.

Двајцата се согласиле и околу идејата за создавање заеднички медиумски проекти кои ќе стават крај на лажните вести и националистичката реторика.

-Бидејќи сме најблиски, многу малку знаеме за другиот. Многу често се расправаме за работи што се во минатото, но во исто време се предмет на шпекулации од страна на медиумите. Затоа, создавањето заеднички медиумски проекти, што ќе стават крај на лажните вести и националистичката реторика, ќе биде од фундаментално значење за надминување на нашите разлики, изјавил Ќучук по средбата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.