Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќучук: Верувам дека новите влади во Скопје и Софија ќе продолжат по патот на отворањето можности за подобро разбирање

0
By НОВА ТВ Balaban on January 29, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Разговорите за минатото се важни, но важни се и разговорите за иднината, потенцира известувачот на Европскиот парламент за земјава, европратеникот Илхан Ќучук, на денешната панел дискусија во рамките на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“, потенцирајќи ја важноста на меѓусебната соработка, изрази верување дека новите влади на Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат по патот на отвореноста заради целосно надминување на сите недоразбирања.

– Нема поважен фактор од довербата, нема универзален договор, нема договор, кој е еднакво добар, нема договор кој ги задоволува и двете страни, но секој договор дава правна рамка за да се започне разговор. Јас верувам дека новата Влада на Бугарија и новата Влада на чело со Ковачевски ќе продолжат по патот на отворањето можности за подобро разбирање. Од моето искуство, не само како известувач, туку и како човек кој доаѓа тука разговара со граѓаните, со политичарите, можам да заклучам дека единствениот проблем е тоа што не се разбираме, тоа што не знаеме едни за други. Неразбирањето доаѓа од таму и треба да се кажуваат добрите примери, дека ние сме на правилниот пат да се разбереме подобро, таков е примерот со договорот помеѓу МИА и Бугарската телеграфска агенција, бидејќи преку константната размена на информациите народите ќе знаат повеќе за себе си, рече Ќучук.

Според него, важно е да се поттикнат граѓаните  и локалната власт интензивно да учествуваат во развојот на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

– Овде сум не само како известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, туку и како непоправлив оптимист дека двете земји можат да се разберат и да бидат пример за партнерството на Балканот за европските стандарди. Сметам дека мора да се посветиме со сите сили и неуморно да работиме на реализација на оваа идеја, бидејќи нашите граѓани тоа го заслужуваат, „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“ , организирано од Renew Europe и АУЕ-ФОН во соработка и со учество на претставници од локалната самоуправа и граѓанскиот сектор од Северна Македонија и Бугарија. Не можам, а да не му се восхитувам на продолжувањето на дијалогот во последните две недели и многу се надевам дека по пауза од повеќе од година и пол, меѓувладините разговори конечно ќе дадат конкретни резултати, истакна Ќучук.

Тој додаде дека Договорот за пријателство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија и сеопфатниот развој и продлабочувањето на пријателските добрососедски односи, се во интерес на народите на Република Бугарија и Република Северна Македонија.

На конференцијата „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“ воедно учествуваа и градоначалниците Радослав Ревански, Висар Ганиу, Костадин Костадиновски, Тимчо Муцунски, како и многу други младински и образовни претставници.

Настанот е со идеја да се поттикне дебата за моменталната состојба помеѓу двете држави Република Северна Македонија и Република Бугарија, предизвиците и можностите за граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво помеѓу двете држави.

БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба Илхан Ќучук конференцијата Панел дискусија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.