Во комплексот на Железничката станица во Скопје пристигнала анонимна дојава за поставена бомба. Информацијата дека во кругот на Меѓународната автобуска станица- Транспортен центар, во близина на банкомат, бил оставен куфер била веднаш проследена до СВР Скопје.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лице кое го оставило куферот, во кој имало облека, односно нема никаква опасност за граѓаните.