Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кукасти крстови на штабовите на СДСМ во Прилеп

0
By Нова ТВ on April 1, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 1, 2014 15:44

Изминатата ноќ непознати сторители со спреј испишале погрдни и навредливи натписи на неколку месни штабови на СДСМ во Прилеп.

Мета биле месните штабови во урбаните заедници Корзо и Тризла 2. Освен тоа на штабот на СДСМ во населбата Точила исцртани се и кукасти крстови, покрај кој е напишан редниот број на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов.

Во Општинската организација на СДСМ во Прилеп велат дека синоќешниот вандализам е кулминација на нервозата во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, предизвикана од средбите кои Заев и Шекеринска во саботата ги имаа со граѓаните на Општина Прилеп.

– Фашистичките симболи и кукастите крстови го покажуваат вистинското лице на нарачателот на овие вандалски дела. Прашуваме, ова ли се делата на активистите од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и што значи испишувањето на редниот број на нивниот кандидат за претседател Иванов до кукастиот крст? – прашаа прилепските социјалдемократи.

Од Општинската организација на СДСМ упатија апел до надлежните во Полициската станица во Прилеп, да ги преземат сите законски мерки во насока на што поскоро откривање на сторителите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.