Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Куќа на сеќавањата и заборавот“ од Филип Давид на македонски јазик

0
By Нова ТВ on March 19, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Романот „Куќа на сеќавањата и заборавот“ на познатиот белградски писател Филип Давид, само месец и пол откако ја доби престижната награда на неделникот НИН за роман на годината, се појави на македонски јазик.

Издавач на овој роман е „Везилка 2011“ а преводот на македонски јазик го направи писателот Ристо Лазаров, кој е автор и на поговорната белешка.

Романот веќе се преведува и ќе биде објавен во сите екс-југословенски центри, а најавен е и превод на повеќе од десетина јазици во светот.

Во Белград романот предизвика огромен интерес и доживеа извонреден успех и четири изданија во вкупен тираж од над 50.000 примероци.

„Куќа на сеќавањата и заборавот“ говори за трагичната судбина на Евреите и мрачните времиња на Холокаустот, концентрационите логори, нацизмот и фашизмот, низ потресните приказни кои, маестрално компонирани, затвораат еден круг на злото. Романот е, всушност, литературно сведоштво за мрачните времиња и злото.

Како што забележува во поговорот Лазаров, романот конечно го ситуира Филип Давид таму каде што му е местото, меѓу добитниците на престижната награда на НИН, веднаш до неговите најдобри другари и браќа по перо – Данило Киш, Борислав Пекиќ и Мирко Ковач.

Сo тоа уверливо се потврди постоењето на големата четворка во екс-југословенска литература: Киш, Ковач, Пекиќ и Давид.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.