Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кулеба ќе му предложи на украинскиот претседател Зеленски прекин на односите со Иран

0
By Ана Василевска on October 19, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека ќе му предложи на претседателот Володимир Зеленски Киев да ги прекине дипломатските односи со Техеран поради иранските испораки оружје за Русија.

Кулеба пред медиумите рече дека Техеран сноси целосна одговорност за уништувањата во Украина, додавајќи и дека Киев ќе испрати официјална нота до Израел со барање итна испорака оружје за украинската противвоздушна одбрана и за соработка во тој сектор.

Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан, минатиот месец изјави дека Техеран не поддржува ниту една од страните во конфликтот во Украина и оти е против испораки странско оружје и за Киев и за Москва.

Белата куќа вчера го обвини Иран за лажни тврдења кога вели дека Русија не користи ирански беспилотни летала за да ја нападне Украина.

Изминатите седмици властите во Киев пријавија повеќе руски напади извршени со беспилотни летала произведени од Иран, додека Техеран негира дека испорачува дронови за Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно денеска изјави дека Русија во акциите користи дронови од домашно производство, а дали се купени ирански беспилотни летала рече дека прашањето треба да биде упатено до Министерството за одбрана.

Володимир Зеленски Дмитро Кулеба Техеран
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.