Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кули-филтри: Како Пекинг го решава проблемот со загадениот воздух

0
By Влатко Чаловски on November 6, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Она што е секојдневен проблем на Пекинг во Кина, претставува проблем и за Македонија, најмногу за Скопје, Тетово и Куманово, претежно во есенскиот и зимскиот период – загаденоста на воздухот.

Ако се погледнат последните бројки на „Нумбео“, независниот истражувачки центар, ќе се види дека последните неколку години, Тетово е најзагадениот град во Европа а на второто место следи Скопје.

Пекинг во меѓувреме, кој е 14 место во светот, минатата година инвестираше во прочистувачи на воздух кои наликуваат на мини-згради.

Кулата е дел од проектот „Без смог“, иницијатива на холандскиот дизајнер Дан Розегард, кој за својот прочистувач вели дека е „најголемата електронска правосмукалка во светот“ а кој се уште е во тек.

Своевремено, Розегард тврдеше дека за ваквиот дизајн, инспирација земал од неодговорноста на владите.

„Не треба да чекаме на владите да ни кажат што да правиме. Сакам да започнам движење, заедница која нема да го прифати загадувањето. Треба да ја користиме енергијата од креативноста за да креираме решенија според кои, ваквите направи, во следните 10 до 15 години нема ни да бидат потребни“, рече тој.

Неговиот филер прочистувач, висок околу 7 метри, работи со 1.400 вати на час електрична енергија за да исчисти околу 30.000 кубни метри воздух. Кулата користи технологија со јони за да ги фати малите ПМ10 и ПМ2.5 честици за да филтрира чист воздух.

Според проценките на кинеското министерство за заштите на животната средина, на местата каде што се поставени овие кули, се чистел дури 75 отсто од воздухот.

Проектот на Розегард, оваа година беше претставен на годишниот собир за „нови шампиони“ во Кина, собие за нови иновациски технологии. Розегард во меѓувреме е во преговори со неколку кинески компании за развивање на филтер кулата, за изработка и дистрибуција, за која има идеја да се инсталира во некои од најзагадените градови во светот.

 

загаден воздух кули Пекинг Скопје Тетово филтри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.