Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Културњаците“ трета недела протестираат за повисоки плати

0
By Соња Крамарска on April 11, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм на денешниот протест пред Владата, што го организираат трета недела по ред, повторно го изразија незадоволството од своите месечни примања и очекуваат на денешната владина седница да се разгледа нивното барање.

Претседателот на синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски на протестот рече дека постојат законски можности за решавање на прашањето на вработените во Министерството за култура и се надева дека „денеска на владината седница ќе преовлада разумот и ќе се покаже слух и волја за 190-те вработени во секторот култура“.

„Овие денови во повеќе наврати го изразивме нашето незадоволство и го упативме барањето за одобрување согласност за потпишување колективен договор до Министерството за финансии. Каков парадокс, на вработените во неколку државни институции им се ограничува колективното делување и остварувањето на уставно зaгарантираното право на плата. Истовремено, се крши и уставното начело на еднаквост и рамноправност на сите вработени затоа што министерот за финансии едноставно цени дека неговите вработени заслужуваат поголеми примања за работата која ја вршат. И никој од надлежните не се спротивставува на оваа одлука на првиот финансиер туку напротив ја аминува“, рече Костовски.

Според Костовски, одлуката на владината седница нема само да го манифестира односот кон вработените кои протестираат, туку генерално кон културата која, како што рече, не треба само декларативно да биде темелна вредност во општеството.

Претставниците на синдикатот на вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм минатата недела одржаа средба со министерот за финансии Фатмир Бесими, на која ги повторија своите барања за зголемување на платите, но не најдоа решение.

Костовски најави дека ќе продолжат со протестите се додека не им се исполнат барањата.

Агенција за филм министерство за култура протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.