НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Културни патеки на Францускиот институт во Скопје

0
By Нова ТВ on September 14, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Културните патеки на Францускиот институт во Скопје се симбол на патувањето во светот на идеите и уметноста. Преку францускиот јазик и културата, тие го ослободуваат духот, сензибилитетот и знаењето.

Во продолжение прочитајте ја програмата на активности на Францускиот институт:

Филм
Среда 14 септември 2016 | Дом на културата во Битола
Француска вечер на Фестивалот „Браќа Манаки“
„Бенг бенг“ (модерна љубовна приказна)“ на Ева Исон (2016), со Финган Олдфилд и Мерилин Лима. Во присуство на Матијас Тролструп, директор на камера.

Фестивалот „Браќа Манаки“ ви нуди привлечна програма на француски филмови како на пример: „Танчерка“ на Стефани Дигусто и „И покрај ноќта“ на Филип Гранприе.
Со подршка на Францускиот институт во Скопје

Отворен ден во Францускиот институт во Скопје

Четврток 15 септември 2016, од 16 до 19 часот | Францускиот институт во Скопје
Што има ново во Францускиот институт во Скопје?
Без разлика дали зборувате француски јазик или не, Францускиот институт ви ги отвора вратите и ви нуди разновидни содржини! Дојдете да се запознаете со нашиот нов тим на професори по француски јазик, да го откриете туристичкиот потенцијал и регионите на Франција, најпродаваните француски автори и француски режисери, да дегустирате француски специјалитети…
Ве очекуваат интересни награди и бројни изненадувања!

Француски кино-клуб

Петок 23 септември 2016, 20 часот | Кинотека на Македонија
„Човекот што многу го сакаа“ (2014), со Катрин Данев и Гијом Кане.

Студентска пракса во француски компании

Среда 28 септември 2016, 19 часот | Француски институт во Скопје
“Новите модни трендови во Париз“
Средба со Амра Исмани, млада модна креаторка и ученичка во Интернационалниот институт за мода во Скопје. Исмани престојуваше во Париз од 12 до 19 септември 2016 во рамките на програмата “Пракса во француски компании“ и со подршка на Францускиот институт во Скопје.

 

60x80_aperc-ou_page_02

Мозаик и креативни индустрии
Мозаичарот Жером Клошар учествува на Саемот за мозаик, којшто е организиран од асоцијацијата „Dobredojde Macedonia Welcome Center“.
Во 2005 год., Жером Клошар го отвора своето ателје „Absolut Mosaïque“ и оттогаш работи на создавање на фрески, возобновување на стари дела и на обука на младите уметници.
Гостувањето на мозаичарот се реализира со подршката на Францускиот институт во Скопје

Среда 28 септември 2016, 11 часот | Галерија Чифте Амам
Отворање на изложбата за мозаици и работилница за современ мозаик којашто ќе ја води Жером Клошар.

Петок 30 септември 2016, 11 часот | ЕУ инфо центар
Тркалезна маса за мозаик и креативни индустрии со Жером Клошар.

Улична уметност
Сабота 1-ви октомври 2016, 20 часот | Плоштад Македонија
Бела ноќ во Скопје со ексклузивниот настап на Театарот Кидам со претствата „Горди на коњ“
Театарот Кидам е основан во 1994 год., на иницијатива на Жан-Батист Дипере, којшто е уметнички директор. Театарот има реализирано повеќе од десетина претстави, со коишто има настапи во повеќе од четириесетина земји, од Европа до Австралија, преку Азија или Јужна Америка. Не пропуштајте го овој извонреден настап, којшто се реализира благодарение на соработката помеѓу Младинскиот културен центар и Францускиот институт.

Изложба на фотографии
Четврток 13 октомври 2016, 20 часот | Музеј на град Скопје
Божествена убавина: „Светите места во Нормандија“
Оваа изложба на фотографии беше реализирана во рамките на проектот за децентрализираната соработка помеќу Нормандија и Македонија, од страна на здружението „Македонида“ на Панче Велков
Со подршка на Францускиот институт во Скопје.

Поезија и музика
Среда 19 октомври 2016, 20 часот | Музеј на град Скопје
Вечер на француска музика и поезија со поетесата и пијанистката Лор Камбо
Лор Камбо e пијанистка и поетеса, која настапува со бројни лирски изведувачи, а нејзините стихови се присутни во голем број списанија и антологии. По настапот во Скопје, таа ќе учествува на Фестивалот на поезија “Наим Фрашери“ во Тетово, од 20 до 24 октомври 2016, со поддршка на Францускиот институт во Скопје.

Француски кино-клуб
Петок 28 октомври 2016, 20 часот | Кинотека на Македонија
„Песочни кули“ на Оливие Жаан (2015), со Ема де Кон и Јаник Рение

Четврток 17 ноември 2016, 20 часот | Кинотека на Македонија
„Убав живот“ на Жан Денизо (2013), со Закари Сашерио и Солен Риго

107095

Концерт
Среда 7 декември 2016, 20 часот | Метрополис арена, Скопски саем
Ексклузивен концерт на француската пејачка Џејн на фестивалот „Таксират“ (да се потврди)
Џејн е млада француска пејачка и композиторка, чијшто прв албум „Занака“ е платинест диск за 2016 година.
Концертот е овозможен благодарение на Пасворд продукција, со подршка на Францускиот институт во Скопје. Не пропуштајте !

Дизајн
Четврток 15 декември 2016, 20 часот | Музеј на современа уметност во Скопје
Изложба „Маси и Уметнички слики, декорација на масите, дизајн и традиционални творби“
Со учество на дизајнерката Бо Луис.

Изложбата „Маси и уметнички слики, декорација на масите, дизајн и традиционални творби“ ја прикажува работата на француските дизајнери и брендовите од оваа област. Ќе бидат претставени дела од најдобрите потврдени и млади француски дизајнери на современ кујнски прибор, ножеви и прибор од кристал. На изложбата ќе бидат поставени десет маси, во форма на уметнички слики, кои потсетуваат на различни оброци. Во рамките на изложбата ќе бидат организирани работилница и предавање, кои ќе бидат анимирани од дизајнерката Бо Луис.

Француски кино-клуб
Петок 23 декември 2016, 20 часот | Кинотека на Македонија
„Серафин“ на Мартин Прово (2008), со Јоланда Моро и Улрик Тукур

Книжевен научен собир
Петок 4 и сабота 5 ноември 2016 | Филолошки факултет во Скопје
„Идентично, слично и различно во јазикот, книжевноста и културата на франкофонските земји“
Г-дин Мишел Ариве, реномиран француски лингвист, ќе земе учество на овој научен собир, организиран од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Меотдиј“, во чест на седумдесетгодишнината од постоењето на факултетот. Со поддршка на Францускиот институт во Скопје.

Комеморација на Источниот фронт
Петок 11 ноември 2016, 18 часот | Дом на културата во Битола
Промоција на преводот на извадоци од книгата „Битола: најбалканскиот град“ од Бернар Лори
Г-дин Бернар Лори, универзитетски професор и експерт за историјата на Балканот, ќе одржи предавање на тема фронтот во Битола за време на Првата светска војна, поаѓајќи од преводот на македонски јазик на неговото дело. Со поддршка на регионот Нормандија.

Сабота 12 ноември 2016, 10 часот | Дом на културата во Битола
Научен ден посветен на фронтот во Македонија за време на Првата светска војна
Со учество на г-дин Бернар Лори и повеќе домашни и регионални експерти.
Кафе-дебата од областа на социјалните науки
Светот денес се соочува со феноменот на радикализација кај младите на религиозна основа со трагични последици. Настанот има за цел да ги разгледа причините што ги туркаат младите кон оваа крајност. Со учество на г-ѓа Натали Лика, директорка за истражувања во Центарот за истражувања на Франција.

Понеделник 28 ноември 2016, 19 часот | Кафе-книжарница „Магор“
Средба со г-ѓа Натали Лика и разговор за ризиците од радикализација кај младите.

Вторник 29 ноември 2016, 19 часот | ЕУ инфо центар
Предавање на г-ѓа Натали Лика.

1

Кафе-дебата од областа на науката
Среда 7 декември 2016, 19 часот | Француски институт во Скопје
„Улогата на науката денес“
Со учество на г-дин Жил Беф, професор на Универзитетот Марија Кири и на Колеж де Франс.
Науката долго време се сметаше за носител на напредокот на човештвото. Со индустриската револуција и глобалното затоплување, научниците денес се соочуваат со нови предизвици помеѓу востановување на грешките од минатото и работа на нови откритија.

Европски ден на јазиците
Понеделник 26 септември 2016, 11 часот | Филолошки факултет „Блаже Конески“- Скопје
„Научете јазици преку он-лајн курсеви“
Мрежата EUNIC – Skopje (Институтот Данте Алигиери, Британскиот Совет и Францускиот институт во Скопје) го одбележува Европскиот ден на јазиците и ви ги претставува новите образовни он-лајн технологии, ставајќи акцент на отворените јазични ресурси (MOOC), кои овозможуваат лесен пристап до бројни јазици и култури. Видео-конференција на г-ѓа Мона Ларуси од Институтот за раководење со знаењата и он-лјан обуки, чие седиште е во Тунис. Со поддршка на Универзитетската агенција на франкофонијата.

Четврток 27 октомври 2016, 11 часот | Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
„Добредојде во Франција“
Саем за промоција на студии и туризам во Франција.

Часови по општ и специјализиран француски јазик: „Освен тоа, зборувам француски!“

Основци и средношколци: Часови по мода | Часови по туризам | Ателје за конверзација | Ателје за патувања | Ателје за подготовка на универзитетски студии и пракса во француски компании | Ателје за двојазични средношколски дебати на француски и англиски јазик
Работилници за деца: Ателје за вовед во францускиот јазик (3- 6 години) | Креативни работилници на разни теми: наука, игри, животни, стрип…

Медијатека на Францускиот институт во Скопје

Најновите наслови за почетокот на оваа училишна година се веќе достапни во нашата медијатека.
Наш избор:
Списанија за деца и млади : Pomme d’api (3-7 год.) ; Youpi (5-8 год.) ; Images Doc (8-12 год.), Phosphore (14 год. и повеќе) ; L’étudiant (18 год. и повеќе)
Стрипови: „Бојата на воздухот“ од Енки Билал; „Сурова“ од Флоранс Дипре; „Виновен или недолжен“, истражувањата на Тим и Клое, од Софи Дјед
Романи: “Големиот роман на мојот малечок живот” од Сузи Моргенстерн; „Големата љубов на библиотекарот“ на Евелин Бризу-Пелен; „Чекајќи го Божангле“ на Оливие Бордо; „Брз живот“ на Филип Бесон; „Рок војна“ на Робер Мушамор
Филмови: „Мустанг“ на Дениз Камзе Ергиве; „Ние тројца или ништо“ на Кеирон; „Мирисот на мандарината“на Жил Легран; „Конечно вдовица“ на Изабел Мерго; „“Најдоброто од кремот“ на Ким Шапирон; „Колку е далеку“ на Орселан; „Убав свет“ на Жили Лопез Кирвал; „Палавости“ на Роз и Алис Филипон ; „Убава сезона“ на Катрин Корсини

Culturethèque – он-лајн медијатека | www.culturethèque.com
Страна за млади: романи, видео игри, француски јазик, цртани филмови, стрипови
Списанија за млади: Mickey Parade Géant, Winnie, Disney Junior, Les P’tites Princesses, Disney Girl, Tout comprendre, Les P’tites filles à la vanille, Mille et une histoires, Abricot, Picsou Magazine, Super Picsou géant, La fée clochette.
Анимации во медијатеката
Септември: Француски автори преведени на локални јазици
Октомври: Во светот на поезијата
Ноември: Ризикот од радикализација кај младите
Декември: „Си беше еднаш…“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.