Кумановец лишен од слобода заради издржување на казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Како што информираат од МВР, E.Р.(25) во текот на вчерашниот ден бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Куманово, а врз основа на судска наредба.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.