„Владата на Груевски, на најдрзок начин, потценувајќи ги граѓаните, разграбува најатрактивното градежно земјиште за по 1 евро во центарот на Скопје. За вакво земјиште скопјани плаќаат 1000 пати повеќе, околу 1000 евра за м2 ! Целта е јасна, преку бизниси со милениците, енормно богатење на власта на Никола Груевски“, рече на денешната прес-конференција Софија Куновска, претседател на ГО СДСМ Скопје.
Скандалозната продажба на атрактивно градежно земјиште во центарот на Скопје, за само 71 денар за метар квадратен, потврдува две работи:
1. Зошто ВМРО-ДПМНЕ преку своите советници во Центар, упорно го блокира преземањето на управувањето со градежното земјиште од страна на општина Центар.
2. Зошто е Мирослав Шиповиќ во затвор.
„Ајде да се потсетиме што велеа од ВМРО ДПМНЕ за слична продажба на земјиште во 2005-та година, на само 50 метри од локацијата што власта на Груевски завчера ја даде за 71 денар.
– Тогашната Влада на СДСМ ја продаде парцелата преку пат, на истата улица кадешто е плацот за кој сега говориме, на инвеститорот ВЕРО, за 300 евра за квадратен метар“, рече Куновска.
Таа потсети на прес конференцијата одржана на 04.07.2005 година на која Влатко Ѓорчев изјави: „Продажбата на земјиштето спроти Народна банка на Македонија, по цена од 300 евра за квадратен метар, е скандалозна.“
Куновска на крај праша: Ако продажба на земјиште на иста локација за 300 евра се вика скандал, како се вика продажба на идентично земјиште за 1 евро квадрат?
– Ако пазарната цена за метар квадратен градежно земјиште во Центар денес е околу 1.000 евра, дали е класичен криминал завчерашната продажба на земјиштето кај ВЕРО Центар, за само 1 евро за м2?
„Ова е срамно поигрување на власта на ВМРО-ДПМНЕ со државата, што 8-ма година ја претвораат во приватен посед“, констатираше Куновска.
Ова е нечие безобразно богатење и изигрување на граѓаните во општина Центар кои и го свртеа грбот на оваа власт на последните локални избори.
Ниту една одлука на вашата Влада не може да го оправда кршењето на принципите на пазарната економија и срамното обезвреднување на земјиштето среде Скопје.
Социјалдемократскиот сојуз, веднаш по смената на власта ќе поведе сериозна и сеопфатна истрага за овој скандалозен случај, а одговорните лица ќе бидат изнесени пред лицето на правдата.
Зашто, за време турско, кога насила се барало откуп, повеќе било плаќано за м2 земја на старите скопјани. Ова е срам за институциите и бесчестие за поединците од власта на ВМРО-ДПМНЕ.




