Денеска на дневен ред на седницата на Совет на Град Скопје е седницата за советнички прашања. Советничката група на СДСМ и коалицијата ќе постават повеќе прашања. Едно од нив што се однесува на новообјавениот тендер за доизградба на управната зграда на Ј.П. Водовод и канализацијаизјави пред новинарите Софија Куновска, координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје.
– Имено како што може да се види, снимката направено непосредно пред доаѓањето овде во Советот на Град Скопје, објектот веќе има изградено купола која што е обложена со бакар, но можете исто така да ја добиете на увид и документацијата за новообјавениот тендер која исто така предвидува ставка изградба на купола на управната зграда на Водовод.
– За нас станува нејасно колку пати ќе биде објавувана и градена куполата и што се крие позади ова? Тој одговор денеска го очекуваме од градоначалникот Коце Трајановски.
– Но ова за нас претставува уште една прилика да ја реафирмираме нашата позиција во врска со управната зграда на претпријатието Водовод и Канализација, а тоа е дека ниту на Град Скопје, ниту на самото претпријатие, ниту на граѓаните на Скопје не им се потребни барокни згради од десет милиони евра, рече Куновска.
„Затоа сметаме дека најцелисходно ќе биде оваа зграда, во ваква фаза во каква што се наоѓа, да биде продадена и средствата да се искористат делумно за изградба на помала зграда, која што ќе биде и енергетски ефикасна и поевтина од оваа зграда, а остатокот од средствата да се потрошат за потреби кои што навистина се од интерес на граѓаните на Скопје.
– Ова уште еднаш, упатува на заклучокот дека не е јасно дали граѓаните на Скопје ја преплаќаат цената на водата, ако ова претпријатие од сопствени приходи има можност да гради зграда од десет милиони евра во барок?“, праша на крајот Куновска.




