Советничката група на СДСМ најостро го осудува односот на Градоначалникот Коце Трајановски за случајот Дрисла и предлог одлуката до Советот на Град Скопје – концесијата за Дрисла повторно да биде доделена на компанија, спротивно на укажувањата на Управниот суд на Р. Македонија
„Покрај тоа, Коце Трајановски опиен од моќта на ВМРО – ДПМНЕ покажува комплетно игнорирање на правосудниот систем кога треба да се одработи за партијата или за поединци во неа.
– Наспроти укажувањата на надлежна судска институција, за сторени пропусти во постапката и постапување спротивно на одредбите од Законот за концесии и други видови јавно приватно партнерство, Комисијата повторно доставува предлог одлука до Советот на град Скопје, концесијата за Дрисла да биде доделена на Италијанците сметајки ја за најповолна.
– Ова може да биде одлика само на држава која е потоната во комплетна аномија и затоа Советничката група на СДСМ и коалицијата нема да ја поддржи ваквата одлука на претстојната седница на Советот на Град Скопје во вторник“, изјави денеска Софија Куновска, Координатор на советничка група во Совет на Град Скопје и претседател на ГО СДСМ Скопје.




