Една курдска новинарка синоќа беше убиена во нападот на џихадистите на северот на Ирак, објавува сајтот за кој што работела.
Дениз Фират била убиена кога борците на “Исламската држава” го нападнале кампот до градот Макмур каде што живеат семејствата на членовите на Партијата на работниците на Курдистан (ПКК).
Овој град се наоѓа на 280 километри од Багдад и под напад на џихадистите кои започнаа офанзива во Ирак на 9 јуни. Нападите се проширија кон север а според курдските информации овој дел е цел и на американските бомбрадирања кои започнаа во петокот против џихадистите на северот на Ирак.
Дениз Фират работела за повеќе медиуми и агенцијата која е блиска до ПКК.