Published: Saturday, October 19, 2013 16:17
Бугарската агенција Фокус пренесува изјава на грчкиот заменик-министер за надворешни работи Димитрис Куркулас во која тој вели дека владата во Атина предложила компромис и дека чека одговор од Скопје.
Скопје продолжува со фалсификувањето на историјата и тоа не е само проблем на Грција, туку и на Бугарија, изјавил грчкиот заменик министер за надворешни работи.
Според него, Грција не гледа на Македонија како на свој непријател, но не може да води преговори со држава чија влада ја гледа Грција како непријател.
Куркулас додаде дека Грција предложила компромис и чека одговор од Скопје, но стравува дека македонската влада не се ни обидува да ја подготви јавноста за компромис.




