Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курсисти за полицајци побарале помош поради труење со храна

1
By Менче Атанасова Точи on April 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Центарот за обука на полицајци утринава 35 курсисти  побарале лекарски помош поради симптоми на труење со храна, дознава НОВА од извори во Полициската академија. Настанот се случил утринава кога тројца од младите курсисти за полицајци паднале во бесознание на смотрата.

По ова, 35 од нив почнале да се жалат на симптоми на труење и побарале лекарска помош. Веднаш била повикана Итната медицинска помош и тројца од нив биле однесени на Клиниката за инфективни болести. Еден од нив, кој го посетувал курсот за полицајци бил задржан на клиниката бидејќи бил дехидриран.  По ова, била повикана екипа од Агенцијата за храна и биле земени мостри од вечерата и појадокот кој го конзумирале курсистите.

Во МВР го потврдија настанот за НОВА, но велат дека бројката не е толкава, туку дека само на тројца  им се слошило на утринската смотра. Демантираат дека има труење со храна. Курсистите јаделе вакумираната салама за која во МВР тврдат дека не била со поминат рок.

„Нема труење, така кажаа лекарите. Само на тројца им се слоши, по што беше повикана брза помош и со возила беа однесени на инфективна клиника. Еден од нив е задржан на посматрање поради тоа што бил дехидриран. Сепак, по наше барање беше повикана екипа од Агенцијата за храна кои земаа примероци од вечарата и од појадокот. Ги чекаме резултатите од вакумираната салама која ја јаделе сите, а е со добар рок и ја набавуваме со тендер“ изјави за НОВА Јордан Ламановски, помошник министер во Одделот за односи со јавност во МВР.

Младите курсисти во Центарот за обука за полицајци во Идризово биле дојдени од пред десеттина дена. Во МВР велат дека принципот на работа и начинот на живот го менуваат и метаболизмот поради што се можни и различни реакции и промени. Сепак, настанот го потврдија и дел од роднините на курсистите кои нагласија дека тие што се пожалиле имале здравствени проблеми.

полицајци труење Центар за обука
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.