Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курти: Бандите диригирани од Вучиќ ги интензивираа нападите во северно Косово

0
By Ана Василевска on December 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Косовскиот премиер, Албин Курти ги осуди вчерашните напади со експлозивни средства во северно Косово, за што ги обвини криминалните структури во таа област, за кои вели дека се „платени од Србија и диригирани од нејзиниот претседател“, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти преку неговата страница на Фејсбук порача дека, поради вчерашните напади врз канцелариите на Општинската изборна комисија во Северна Митровица и во Зубин Поток, во тој дел од земјата ќе има зголемено полициско присуство.

„Криминалните банди ги интензивираа нападите во северно Косово Тие знаат дека им доаѓа крајот. Владата на Косово ниту се пазари со нив, ниту ќе ги поднесува. Бомбите кои ги фрлаат, куршумите кои ги истрелуваат и маските кои ги носат се нивната политичка и народна немоќ. Со овие злосторства и вооружени напади северно од Ибар, секако дека ќе имаме повеќе косовска полиција таму“, напиша Курти.

Тој порача дека во тој дел од Косово „нема поделба меѓу Србите и Албанците, туку меѓу криминалните банди и граѓаните“.

„Ќе има истрага и прогон на тие криминалци, кои се платени од Србија и диригирани од нејзиниот претседател. Бројните прекршувања на законот нема да бидат простени, а намерите за криминална дестабилизација ќе пропаднат. Во четирите општини на север (населени со мнозинско српско население) нема поделба меѓу Србите и Албанците, туку меѓу криминалните банди и граѓаните“, напиша Курти.

Тој побара од граѓаните да придонесат за зачувувањето на мирот и стабилноста во земјата „да ја поддржат косовската држава и полицијата, сите службеници кои ги бранат уставноста и законитоста, републиката и демократијата.

Албин Курти Александар Вучиќ Косово-Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.