Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курти: Француско-германскиот предлог е основен, а не конечен договор

0
By Ана Василевска on February 9, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека европскиот предлог, кој е познат како француско-германски предлог, е рамка за основен договор меѓу Косово и Србија, а не конечен.

„Тоа не е конечен, туку е рамковен, основен договор. Овој договор, кој има цели параграфи и реченици кои се преземени по моделот на двете Германии, сепак е само основен договор, а не правно обврзувачки договор, што ни треба“, рече Курти на седницата на косовското Собрание.

Тој рече дека за постигнување договор е потребен долг процес на преговори и дека не може да има конечен договор без меѓусебно признавање.

„Тоа што ни треба е взаемно признавање. Не може да има конечен договор без меѓусебно признавање во центарот. Не е финале. Договорот, по моделот на двете Германии, го дели меѓусебното признавање на de facto и de jure. Значи, ако треба да кажеме нешто за предлогот што ни беше понуден, параграфите што беа земени по моделот на двете Германии од 1972 година се ставовите што се однесуваат на тоа фактичко признавање“, рече Курти.

Според него, како што пренесува Бета, во преамбулата има пет реченици.

„Во преамбулата се споменуваат националните малцинства, но што ќе се прави со оваа фраза зависи од политичките случувања и од натамошниот преговарачки процес. Како што кажувам уште од септември, овој предлог дава добра основа за понатамошна дискусија и солидна платформа за да се оди напред. Не го одбив предлогот, но реков дека ќе можеме понатаму да разговараме по оваа основа“, рече Курти.

Тој додаде дека во изминатите години немало предлози за европски, демократски концепти со универзални вредности.

„Тоа беше она што може да го наречете идеологија за решавање проблеми. Се смета дека имате проблем и треба да го решите на многу посебен начин. Минатиот пристап беше ваков, решавање проблеми, без концепти и универзални категории. Предложениот предлог вклучува универзални категории. Од самиот почеток тоа беа независноста, демократијата, територијалниот интегритет, суверенитетот, самоопределувањето и човековите права. Сите се универзални вредности“, вели косовскиот премиер.

-„Основниот договор, кој има универзални вредности, го сметам за фер и корисен за Косово“, рече Курти.

Албин Курти Косово француско-германски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.