Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кутрата наша демократија во пелени

0
By Биљана Секуловска on October 21, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 21, 2017 10:31

Ништо не е готово, додека навистина не е готово, но некои тврдат дека и вториот круг на избори, како и првиот, ќе го однесе Груевски и сите негови луѓе во парчиња, како ситна, невидлива прашина која ќе ја оддуваме и изгазиме и без да знаеме дека биле тие. Ниту пак ќе не интересира.

Сетете се на Џони Кеш како тој вели:

“Можеш да трчаш долго време,

Да трчаш долго време.

Порано или подоцна,

Господ ќе те исече”.

Митот за моќта на Груевски и груевизмот полека исчезнува, но, сепак велам полека, наспроти еуфоричните анализи за некакво тотално исчезнување.

Погледајте, иако политичката мртовечница одамна му е  подготвена и се спрегнаа сите небесни сили да ни помогнат, свеќите полека, долги, мачни две години се топат, пешкирите застоеле, мувлосаните дамки се рашириле одамна, а црвите му навестуваат една добра за нив забава, во која тој само молчешкум и очајно ќе мора да ги гоштева.

Капелата ги прима еден по еден неговите најважни луѓе, додека поповите, ех, тие попови, по македонските религиозни обичаи воведени во груевизмот- земи ги парите и бегај, си намигнуваат и се насладуваат над новиот плен, затоа што парите и онака се слеваат, а тие немаат боја за братството наречено МПЦ.

Нивните довчерашни другари, вмровската дружина со кои пееја опела на Шарените, а никогаш не помислија да им се придружат, ете сега тие се на ред да бидат оплакувани, тие довчерашни вмровски браќа и сестри со кои се гушкаа, се мацкаа со брадите во сосовите на маката и сиромаштијата, сега е ред да се турнат во сандаците и да се продолжи новото пријателство со сдсмовските браќа.

Братијата од МПЦ е на се подготвена, само да имаат секогаш на тацна политички благослов, заради кој нема да може никој да помисли да ги ремети, да им замерува, да ги преиспитува, да води истраги, да им ги отвори тефтерите, компјутерите, сефовите, сметките.

Сето тоа срамно богатство кое е стекнато во име на невидливи и непостоечки сили за кои проповедаат, особено за чесноста и праведноста во која се колнат, тркалајќи се со исфлеканите мантии од солзите на оние кои низ маката и болката им веруваат, лебдејќи  низ џиповите, имотите, парите, како да се сопственици на небесното царство.

Тие се составен дел од груевизмот, моќен, истурен дел кој низ сите овие години никогаш не помисли да ги осуди, да се дистанцира, да го покаже патот на народот на кој се колне, исто како нивниот миленик Груевски, затоа што, нели, тие тврдат и така и се претставуваат- дека се оние кои го осветлуваат тој пат, го насочуваат народот низ милост, добрина и чесност.

Во исто време, бројката од над 300 илјади гласови дадени во првиот круг за ВМРО-ДПМНЕ е премногу и длабоко загрижувачка, таа покажува едно длабоко незнаење, несвесност, една анестезираност на огромен дел од популацијата, која сите страдања и понижувања ги прима како добредојдени, единствено прифатливи и гласа за нови и нови години ропство.

Не, токму затоа ништо не е готово и којзнае дали воопшто и ќе биде, на оваа демократија во пелени ќе и биде потребен најмалку еден век, барем најмалку. Времето на созревање е предолго, како што е и животниот циклус преголем товар за нас.

Заев тука нема да може многу да стори ако е сам, без целото општество, мислам пред се на интелигенцијата дека е неопходно да се спрегне, да се алармира и мобилизира во демократизирање, во почнување од нула.

Стиховите на Џони Кеш уште долго, долго ќе се пеат  за сите оние кои “можат да фрлат камен и да ја скријат раката, да делуваат во мрак против својот човек, но како што е сигурно дека Господ создал црно и бело, така и она што е сторено во мрак, ќе го види светлото на денот”.

Господ на Кеш ќе реши да исече еден ден, но пред тоа, уште многу долго, предолго груевизмот ќе трча, ќе се сопнуваме од него, ќе не измачува. Можеби ме замразивте заради овој мој песимизам, но избројте ги наглас сите оние над 300 илјади гласови, доволно се многу, за да се свртите наоколу и да се соочите со таа демократија во пелени, а тоа не е најпрекрасниот мирис кој го посакувавме, нели.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.