Хрватот, споиред „Ел Мундо Депортиво“ ќе заработува околу 10 милиони евра годишно што, финансиски, е во рангот на Серхио Рамос и Тони Крос
Лука Модриќ го обнови договорот со Реал Мадрид и ќе остане во клубот до 30 јуни во 2020 година. Продолжувањето на соработката меѓу „кралскиот клуб“ и хрватскиот играч за врска го потврдија и од „Сантијаго Бернабеу“.
Модриќ, според „Ел Мундо Депортиво“ ќе заработува околу 10 милиони евра годишно што, финансиски, е во рангот на Серхио Рамос и Тони Крос.
Хрватот е дел од Реал Мадрид од 2012 година. Меѓу „кралевите“ пристигна од Тотенхем. Во кариерата настапуваше и за Динамо Загреб од каде во два наврата беше испраќан на позајмица во Зрињски и во Интер Запрешиќ. За Хрватска дебитира во 2006 година и оттогаш одигра 94 натпревари и постигна 11 гола.