Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ла Верита објави нови аудио снимки за „Рекет“ на кои тврди дека е гласот на Јанева

0
By Нова ТВ on August 9, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 9, 2019 08:27

На веб страницата на миланскиот дневен весник Ла Верита утрово е објавен видео прилог со аудио снимки од како што се најавува договарањето меѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев. Во една од снимките, весникот тврди дека е гласот на специјалната  јавна обвинителка Катица Јанева, која преку телефон, како што вели новинарот, му потврдува на Камчев да не се секира дека се ќе биде во ред.

-Не се секирај за ништо се ќе биде ОК, вели женскиот глас за кој весникот тврди дека е на Јанева.

На објавените снимки се  слуша како соговорниците се договараат, при што во еден разговор Камчев како што тврди весникот, го прашува Бојан Јовановски:

„Втора работа, не знам дали жената е со нас во играва, таа Лиле“, при што весникот тврди дека се работи за обвинителката Лиле Стефанова, која во тоа време го води предметот Империја.

Понатаму Камчев објаснува: „Еднаш, Чифлиганец кога ми се јави, ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации, за глупости и тие работи… Јас од….в  сите тие работи, зашто не ме интересираше…“

ЛаВерита вчера првпат објави материјали за „Рекет“ меѓу кои и видео снимка, на која се Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец кои се осомничени во случајот за тргување со влијание и за перење пари, и Орце Камчев кој е сведокот во случајот. Аудио разговорот е меѓу Јовановски и Камчев, кој се однесува на случајот Империја, во кој меѓу осомничените е и Камчев,  и во кој се споменува и името на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Адвокатот Звонко Давидовиќ за НОВА вели дека објавената снимка не може да ја попречи истрагата, но испраќа сигнал до Обвинителството дека случајот што побрзо треба да биде расчистен.

За Давидовиќ многу пострашно е што излегуваат во јавноста вакви материјали.

Снимката за „Рекет“ останува доказ: Што открива нејзиното објавување

Вчерашната снимката е објавена во јавноста е со датум од 20 февруари (среда), на која Боки 13 му ветува на Камчев дека тој ќе излезе од притвор во понеделник, односно на 25 феруари. Осомничениот бизнисмен нема да биде пуштен од куќен притвор ниту во понеделник, ниту во вторник како што ветува Боки 13, но ослободувањето ќе стигне една недела подоцна, односно на 4 март кога Врховниот суд ќе донесе одлука да му го укине и куќниот притвор на  Камчев.

Снимката е направена кога Орце Камчев е веќе два месеци во куќен притвор, откако на предлог на СЈО кои бараат поблаги мерки, на Камчев и Мијалков за случајот „Империја“, затворскиот притвор на 27 декември им се заменува со куќен.

За адвокатот Давидовиќ, во оваа снимка е проблематична и улогата на бизнсименот кој е сведок во Обвинителството за „Рекет“.

„Ако некој доброволно, за добивање одредени привилегии даде пари, тоа е поткуп. Исто така, се поставува прашањето и кој држи толкава сума на пари дома и од каде се тие пари. Сето тоа треба да се истражи“, рече Давидовиќ за НОВА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.