Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лага и измама

0
By Zoran Ivanov on June 3, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 3, 2026 18:43

Еве, нека се охрабри Мицкоски, па нека ѝподнесе и една меѓудржавна тужба на Бугарија за неспроведување на одлуките. Ја има и таа опција. Ама за да се бијат битки, и тоа дипломатски и правни, не е доволно само да се зборува, треба и да се преземат чекори.

Ана Анастасовска

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа, де ќе го менуваа Преспанскиот договор, па ќе ја репреговараа Преговарачката рамка, ќе издејствувале подобра позиција… Сега Николоски ни кажува приказни дека Европската Унија ги лажела луѓето од регионот дека земјите од Западен Балкан некогаш ќе станеле членки? Замислете, ЕУ нè лаже, а Николоски и Мицкоски не.

Слушај ја веста

„Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување на пристапните преговори. Единствен начин да се постигне напредок кон европската интеграција е преку конструктивен дијалог со соседите и преземање прагматични чекори за градење доверба и спроведување на неопходните реформи“. Ова е пораката на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта до премиерот Христијан Мицкоски што вчера лично му ја испорача на средбата во Скопје.

Истата порака Кошта ја кажа и лани кога во мај го посети Скопје – Македонија треба да го спроведе договореното од 2022 година. И не знам што не му е јасно на Мицкоски. Што повеќе треба да му кажат претставниците на ЕУ за да разбере?

Кога Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе сфатат дека политика не се тера со инает, туку со дипломатија? Кога ќе сфатат дека не можат да се удираат во гради кога не се во позиција за такво нешто? Македонија сака да стане членка на ЕУ, Унијата поставува услови на кои државата се согласила и кои треба да ги исполни ако сака да ѝ биде отворена вратата. И бегање од тоа нема. Или ќе испорачате или ќе седите во чекалница. И ова е веќе одамна познато.

А од Мицкоски и неговите министри што гледаме за возврат? Гледаме само наивни покераши што со никакви карти блефираат и сакаат да се коцкаат со иднината на граѓаните. Но, блефот оние од ЕУ им го сфатија одамна.

Постојано тврдеа, де ќе го менуваа Преспанскиот договор, немаше да го користат новото уставно име, де ќе нè направеле горди Македонци, па ќе ја репреговараа Преговарачката рамка, ќе издејствувале подобра позиција… И што ли уште не, само за да дојдат на власт. А кога дојдоа, што направија? Почнаа да тераат инает, како што тоа го правеше Груевски со Грција. И што добивме од тоа? Едно големо ништо.

Сега Николоски ни кажува дека Европската Унија ги лажела луѓето од регионот дека земјите од Западен Балкан некогаш ќе станеле членки? Замислете, ЕУ нè лаже, а Николоски и Мицкоски не.

Барале процесот да се водел рамноправно. Македонија ако направи уставни измени, Бугарија да ги спровела одлуките на Судот од Стразбур. Добро, нека биде и тоа. Зошто Македонија да не стане прво членка на ЕУ, па оваа битка да ја води внатре во европските институции? Каде е македонската дипломатија да врши притисок врз западните држави да ја притиснат Бугарија да ги спроведе одлуките на Судот за човекови права? Еве, нека се охрабри Мицкоски, па нека ѝподнесе и една меѓудржавна тужба на Бугарија за неспроведување на одлуките. Ја има и таа опција. Ама за да се бијат битки, и тоа дипломатски и правни, не е доволно само да се зборува, треба и да се преземат чекори.

Лесно е да кажеш, Бугарија и натаму ќе нè блокира, ќе ни ги земе идентитетот и јазикот. Во практика тоа не оди така. Сите ви кажуваат дека за такво нешто не се преговара кога ќе почнете да ги отворате кластерите со ЕУ. Дека се преговара за спроведување реформи, усогласување закони со европските и ред други работи за кои премиерот не размислува воопшто да се замара. Ќе продаваме идеологија, празни зборови, ќе се удираме во гради дека сме големи патриоти и тоа ќе ни помине.

Е, не ви поминува. За какви патриоти се сметате вие и кој идентитет го чувате кога половина Македонија се исели по белиот свет, половина Македонци веќе се пишаа Бугари за да го фатат патот надвор од државата. Замислете, пред некое време на Фејсбук ми излезе фотографија од татко кој гордо се пофали на Фејсбук дека неговите три деца конечно добиле бугарски пасоши. Инаку живеат во Германија. И тоа е за вас гордост и патриотизам? Жално.

Засукајте ги ракавите и конечно мрднете ја Македонија од мртва точка. Затоа што, како што ви кажа Кошта – од вас зависи дали ќе се качите на возот на кој Албанија и Црна Гора веќе се качија, или ќе останете заглавени во калта, ранејќи се со национализам и наводен патриотизам.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

ана анастасовска колумна сл.печат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.