Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во јагоди од Србија и зеолит пронајдено олово, во марула и спанаќ од велешко-кадмиум

0
By Нова ТВ on February 7, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 7, 2019 13:53

Во една мостра замрзнати јагоди по потекло од Србија и во производот „зеолит“, што се продава како додаток за исхрана, е утврдено зголемено присуство на олово, покажуваат лабораториските тестирања спроведени минатата година.

Како што соопшти АХВ, небезбедните јагоди се уништени во депонијата Дрисла.

Лани биле земени и лабораториски испитани 954 мостри од храна и материјали што доаѓаат во контакт со храната. За утврдување присуство на тешки метали, лабораториски биле тестирани 66 мостри, од кои четири биле позитивни.

Од нив, од мострите земени во велешкиот регион, позитивни на кадмиум биле една мостра од марула, две мостри од спанаќ, од кои едната била позитивна и на кадмиум и на олово. Присуство на олово детектирана е и во една лабораториски тестирана мостра што била земена од струмичкиот регион.

Согласно Програмата за мониторинг на безбедност на храната, со подпрограмата за мониторинг за определување на присуство на тешки метали и нитрати во одредени прехранбени производи, лабораториски се испитани 19 мостри на храна за присуство на точно определени тешки метали во определени региони каде има загадување или каде почвата е природно содржи тешки метали. Во ниту една од лабораториски испитаните мостри не е добиена ниту една позитивна мостра.

Тешки метали во почвата и во 2017

Со редовните инспекциски контроли во 2017 година, со извршените лабораториски тестирања, добиени се седум позитивни мостри кај кои е утврдено зголемено присуство на тешки метали (олово). Станува збор за „зеолит“, како додаток за исхрана. Од храната која се увезува во Македонија во 2017 година со извршените лабораториски тестирања не е утврдено присуство на тешки метали.

Во 2017 година 66 мостри се лабораториски испитани за утврдување на присуство на тешки метали и тоа во трпезно и винско грозје, компир, спанаќ и во марула, од Велешко, Неготинско и Кавадаречко. Компир е земен од Берово, Кратово и Крива Паланка. Од испитаните, добиена е само позитивна мостра – спанаќ земен од велешкиот регион кај која е утврдена дека е позитивна на кадмиум. Истата година, Агенцијата ја реализира и подпрограмата за мониторирање, со определување присуство на точно определени тешки метали во определени региони чија почва поради природна застапеност или поради загадување е оптоварена тешки метали. Испитувањето е спроведено на одредени видови храна.

Овој мониторинг е планиран согласно истражувањата за присуство на тешки метали во почвата, врз основа на користена литература за направеното истражување на загаденоста на почвите со тешки метали во Република Македонија од Природно математички факултет – Катедра за хемија. Овие тешки метали не се предвидени со Правилникот за контаминенти во храната, но определување на нивното присуство на точно определени производи во овие региони се од национален интерес за заштита на здравјето на населението во Република Македонија.

Земени и лабораториски се испитани 24 мостри во рамки на оваа подпрограма при што не е добиена ниту една позитивна мостра. Испитувани се кромид од Велес и неговата околина, грозје од Кавадарци и неговата околина, трпезно грозје од Велешко, пиперки од Тетовскиот регион и винско грозје од Радовишко.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.