Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ласкова заради сопствен мир побара организаторот да ги врати средствата, во коментари доби огромна поддршка

0
By Gabi Tocko on February 14, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не го откажувај концертот, Имаш 5-децениско творештво кое вреди, Твојата музика остави трага и во Македонија и во Југославија – ова се дел од коментарите под фејсбук статусот кој Цветанка Ласкова го објави во врска со шпекулациите и клеветите изнесени во врска со проектот поддржан од Министерството за култура со кој беше предвиден концерт како заокружување на нејзината 50-годишна кариера.

„Јас не конкурирав за одбележување 50 години од мојата музичка кариера, тоа беше идеја на студиото Сити Саунс, кое ми се обрати со предлог за концерт, преку моето творештво како интерпретатор, да се опфати 5-деценискиот развој на макдонската фолк и поп музика.”

Ласкова во својата објава побара организаторот кој конкурирал со идејата за нејзин јубулеен концерт да ги одбие одобрените средства, потенцирајќи дека тоа го бара заради сопствениот мир.

Вo 1973 година, од продуцентите на Македонска Радио Телевизија е откриен нејзиниот талент за музика и таа одбира да ја развива нејзината музичка кариера.

Снима голем број на композиции, како трајни снимки за Македонска Радио Телевизија, учествува на фестивали и ја претставува Македонија и СФРЈ на турнеи низ целиот свет.

Во 1980 година се преселува во Белград каде што стапува во брак со музичарот Миша Керкез Кан и ја продолжува својата музичка кариера.

Во 1983 година заедно ја основаат групата КАН ШОУ составена од врвни професионалци и нивната соработка трае до распадот на Југославија.

Во овој период таа е ексклузивец на дискографската куќа „Југодиск”.

Има објавено 7 музички изданија, со забавна и народна македонска музика:

– Момчето со мандолина 1976 год .
– Ти би хтео све на блиц 1979 год.
– Нисам више мала 1983 год.
– Ти и ја 1984 год.
– Македонски бисери 1984 год.
– Проштевај на се 1985 год.
– За љубов да наздравиме 1989 год

Има издадено 3 видео касети:

– Цветанка Ласкова
– Кан Шоу
– Коштана

Во текот на нејзината долгогодишна и успешна музичка кариера настапува со Тома Здравковиќ, со Ханка Палдум, Тозовац, Леб и Сол, Арсен Дедиќ, Јанко Узунов, Виолета Томовска и многу други. Патува низ цел свет и ја претставува Македонија и Југославија. Добитник е на многу музички награди, меѓу кои е и наградата за животно дело.

По распадот на поранешната Југословенска Федерација се враќа во Скопје и во 1992 година ја формира својата продукциска компанија „КАН”.

Работејќи во сферата на ТВ продукција и авторските права, маркетингот и економската пропаганда, два пати го добива признанието „Најуспешна жена менаџер на годината” за 1999 и 2001 година.

Во 2001 година ја формира издавачката куќа „Прајм Инфо”, издавајќи ги познатите изданија „Семеен Магазин”, „Здравствен Код”, „Скопје 365” и др.

Настапува на повеќе фестивали и шоу програми на ТВ а со ансамблот при театарот во Кавадарци ја игра главната улога Коштана на истоимената пиеса од Бора Станковиќ.

Цветанка Ласкова е борец за родова еднаквост и во 2014 ја основа Школата за Женски Активизам, каде што се школуваат жени борци, со генерации.

Во август 2017 година од страна на Владата на Република Северна Македонија е именувана за Посебен советник за култура на премиерот.

За нејзината хуманитарна работа има добиено безброј признанија како во поранешна Југославија така и во Република Северна Македонија. Горда е на хуманитарната награда „Мајка Тереза” добиена во 2008 година.

клевети концерт организатор средства Цветанка Ласкова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.