Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ласло Ковач: Груевски нема кредибилитет во Европа

0
By Влатко Чаловски on February 29, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 29, 2016 16:41


Поранешниот министер за надворешни работи на Унгарија, Ласло Ковач и претседателот на Партијата на европските социјалисти и поранешен премиер на Бугарија, Сергеј Станишев апелираат за фер и демократски избори со легитимно избрана влада, како предуслов за напредување на членството на Македонија кон Европската Унија.

По денешните обраќања на конференцијата насловена како „Обезбедување на базичните предуслови за демократска Македонија“, тие за НОВА велат многу е важно да се сработи домашната задача во земјава, која некогаш беше лидер споредена со земјите од Западен Балкан.

Ковач, кој со своето богато политичко CV, доаѓа од земја чиј премиер (Виктор Орбан) го нарекуваат “модерен диктатор“ во Европа, а владеењто на Груевски го споредува со премиерот во неговата земја, потенцирајќи дека Груевски нема кредибилитет во Европа.

– Мислам дека владата на господинот Груевски нема никаков кредибилитет во Европа. Неговото владеење стануваше се понедемократско. Тие немаат кредибилитет и мислам дека во интерес на земјата и на македонските граѓани е да имаат фер и слободни избори. Идејата на премиерот Орбан е да владее со пет последователни мандати со де факто правилата на една партија. Тоа би било крајот на демократијата во Унгарија. Во Македонија, политиките на Груевски и неговата партија се многу слични. Тие не се демократски воопшто, тие се против владеењето на правото а тоа не оди во полза на интересот на граѓаните на Македонија, вели Ковач за НОВА.

Тој дополнува дека иднината на Македонија е во Европската Унија, бидејќи како мала земја не е економски фактор кој би можел сам да опстои.

– Доколку една земја сака да и се придружи на ЕУ, таа треба да ги почитува нејзините вредности и норми, договорите кои доаѓаат со членството, а демократијата, владеењето на правото, слободата на медиумите и на изразувањето се неопходен услов за членство. Првиот услов за да се влезе во Европската унија е да се имаат фер и слободни избори кои се појдовна точка за демократијата и за владеењето на правото, изјави екс-министерот за надворешни работи на Унгарија.

Слична е и констатацијата на Станишев, кој исто така смета дека првиот услов за легитимна влада се фер и демократски избори. Тој пак вели, од своето присуство во Македонија за време на големите протести во мај изминатата година, забележал будење на граѓанското општеството и желба на народот нештата да ги земе во свои раце, односно бараат слобода на изразување и слободен пристап до информацијата, да не се плашат.

– Фер и слободни избори се првиот услов за напредок и на крај за да се има целосен легитимитет за да може да се решаваат сите проблеми, затоа треба да се има власт која општеството ќе ја смета за легитимна, порачува лидерот на Европските социјалисти.

Тој воедно апелира на целосна одговорност на сите страни при спроведувањето на Договорот од Пржино, особено преостанатите клучни елементи, меѓу кои и медиумите, бидејќи патот до ЕУ бара многу работа.

– Некогаш си велам, каде беше Македонија пред 2006 година. Во процесот на евроинтеграциите беше најнапредна од сите земји во Западен Балкан. Од тогаш до сега, не само што Бугарија и Романија ги исполнија критериумите туку и Хрватска, а тука се и Србија, Црна Гора, кои се понапред од Република Македонија и тоа е жално. Ако ги погледнете извештаите на Европската комисија алармантно е со добивањето на власта, со начинот на кој се спроведуваат изборите, со менаџирањето на владејачката партија со државната администрација, а тоа се фундаментални критериуми за ЕУ, заклучи тој.

При денешното гостување на меѓународната конференција, обраќање имаше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој порача дека нема да дозволи, како што рече, нови криминални избори.

Поддршка дене нему и на социјалистите им изразиј бројни имиња, присутни со свој говор, меѓу кои освен европратеници присутни беа и експерти од Шведска, Норвешка и други земји.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.