Драган Павловиќ Латас и неговите браќа се ослободени од обвинението дека бесправно граделе.
Според обвинението Драган Павловиќ Латас и неговите браќа започнале со градба на три викендички во Зелениково, без одобрение за градба.
Латас и браќата Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ потоа побарале дозвола за градење од општината, но го прикриле фактот дека викендичките во површина од 317м2, 130м2 и 104м2 веќе се изградени.
Судијката соопшти дека браќата Павловиќ се ослободуват од обвинение затоа што „задача на градежните инспектори е да го спроведуваат законот и да одредат казна ако некој го прекршил законот“.
„Во овој случај никој од државата не презел никакви мерки додека се граделе објектите ниту било донесено решение за отстранување на градбита – со ова се докажува дека немало јавен интерес, а потоа обвинетите добиле и одобрение за градба и платиле комуналии, а нивното впишување како сопственции не го оспорил никој “рече судијката.
Судот се водел од загарантираното право на приватно сопственсот што е гарантирано со Уставот.