Во еден од разговорите коишто беа пуштени на денешната „бомба“, а за којшто опозицијата тврди дека е разговор помеѓу уредникот на „Сител“ Драган Павловиќ – Латас и сопственикот и директор на телевизијата Горан Иванов, Латас му се жали на Иванов дека министерот за здравство поделил 300.000 евра за пиар на една агенција и на порталот и весник „Република“.
„Дали ти знаеш што е 300.000 евра“, му вели Павловиќ-Латас на Иванов. „Па знаеш ли што се 300.000 евра. Трите главни телевизии ќе ги купиш со по 100.000 евра пиар. Пола новинари и уредници ќе работат за тебе, по еден уредник ќе си земеш, еден економија, еден здравство и готово“.
„Па СДСМ да има 300.000 евра за пиар владата ќе ја сруши за една година. Тоа се огромни пари, знаеш ли колку новинари ќе купиш“, вели Латас во дел од разговорот.




