Oткако снежна лавина се сруши на Алпите, јужна Швајцајцарија, при што животот го загубија четири лица вчера, вклучувајќи и еден водич, додека еден скијач претрпе сериозни повреди и е во критична состојба, јавуваат швајцарските медиуми.
Четвртиот човек, 34 -годишниот човек загина во истиот кантон, при скијање надвор од обележаните патеки , вели полицијата, предупредувајќи на снежните лавини додека се скија надвор од обележани патеки , како и да тоа дека важат предупредување за можен висок ризик од лавини.
Прес-агенциите потсетуваат дека услугата на спасување во планина пред два дена предупредиле дека постои голема можност на лавини во областа на Швајцарските Алпи.
Со четирите смртни случаи од вчера, бројот на жртвите од лавини во текот на зимата во Швајцарија се зголеми на 11 лица.