„Имаме историја на добри односи, не постојат отворени прашања. Постојат значајни потенцијали и ние треба да ги фокусираме нашите напори тие да се реализираат, подвлекувајќи ја важноста од посилни врски со Македонија“, истакна шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Како што пренесуваaт ИТАР ТАСС и Гласот на Русија, Лавров на средбата во Москва со својот македонски колега Никола Попоски, изјавил дека Русија е против прекројување на границите во Европа и особено на Балканот, а Македонија ја смета за клучен партнер во нејзината мисија за стабилизација на Балканот.

Шефот на македонската дипломатија Попоски, пак, потврдил дека Скопје не поддржува национализам и прекројување на границите, таквите активности не водат кон стабилност во регионот.

На средбата тој се заложил за зајакнување на соработката со Русија во економската сфера, можноста за директни руски инвестиции и особено за изградба на крак на гасоводот “Јужен поток” за испорака на гас и гасификација на Република Македонија.