Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лазаревски и Костовски ја примија државната награда „Мето Јовановски“ за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права

0
By Mirjana on December 10, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Пред точно 11 години ние решивме да го сториме тоа што сметавме дека е единствено исправно во дадените околности. Бевме сосема свесни за ризиците, а на награди и признанија, ниту помисливме, ниту ни беа битни. Но денес сме горди, што токму ние сме добитници на највисокото признание за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Горди, што се низ што поминавме не беше залудно и што со нашите активности помогнавме да се случат повеќе позитивни промени во општеството. Сигурни сме дека во нашата татковина никогаш повеќе нема да се повтори масовно прекршување на правата на илјадници граѓани. Оваа награда сакаме да ја посветиме на нашите семејства и на сите луѓе, кои со храброст, труд, стручност и посветеност, искрено се борат за остварување и заштита на човековите права, се борат за правда и владеење на правото, рече Ѓорѓи Лазаревски, еден од свиркачите и добитник на овогодинешната државна награда која е воопшто и прва награда „Мето Јовановски“.

– Дозволете ми да се заблагодарам на членовите на Одборот за честа што ни ја укажаа да бидеме првите добитници на државната награда „Мето Јовановски“. Исто така сакам да му се заблагодарам и на почитуваниот новинар Синиша Станковиќ кој ја поднесе иницијативата мене и на Костовски да ни биде доделена оваа награда, изјави Лазаревски.

Лазаревски и Костовски своевремено вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање ги извадија „бомбите“ и му ги предадоа на ексдиректорот на УБК Зоран Верушевски.

Двајцата беа уапсени во февруари 2015 година, како обвинети во случајот „Пуч“, веднаш откако тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев почна да ги пушта јавно „бомбите“.

Костовски се спогоди со Обвинителството и призна дека е виновен по што беше осуден на три години затвор. Лазаревски не призна вина и поради тоа остана 11 месеци во притвор. Костовски беше пуштен од затвор во април 2016 година, по аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Од нелегално прислушуваните материјали, поранешното СЈО отвори предмет „Таргет-Тврдина“ во кој беше посочено дека директно и индиректно со прислушувањето биле опфатени околу 20 000 граѓани. Предметот заврши со пресуда во која обвинетите, меѓу кои беа и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, беа прогласени за виновни.

Лазаревски и Костовски ја добија наградата „Мето Јовановски“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.