Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лазаревски и Костовски со меѓународна награда за слобода на говорот

0
By Нова ТВ on March 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 21, 2018 14:31

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, вработените во УБК кои го открија скандалот со прислушувањето во Македонија, ќе ја добијат годишната „Наградата за слобода на говорот“ на на Коалицијата за заштита на свиркачите во Југоисточна Европа и Европскиот центар за заштита на правата на свиркачите.

Наградата ќе им биде врачена задутре во Приштина.

Како што се наведува во образложението, како колеги во Управата за безбедност и контраразузнавање, Лазаревски и Костовски три години работеле со цел да го документираат нелегалното прислушување на над 20.000 бизнисмени, активисти, новинари и други политички неистомисленици на минатата власт. Објавувањето на дел од прислушуваните разговори во 2015 година резултираше со нови избори во 2016 и формирање нова влада во 2017 година. Покрај тоа, разговорите беа докази за обвиненија на 94 лица и седум компании.

Поради тоа што посочи на нелегалното прислушување, Ѓорѓи Лазаревски помина 11 месеци во затвор. Денес тој е слободен и иако ретко се појавува во јавноста, на 23 март ќе направи исклучок за да ја прими „Наградата за слобода на говорот“ во свое и во име на неговиот колега Костовски.

Во август лани, во интервју за НОВА, Лазаревски или како што доби прекар “невидливиот херој“, за првпат отворено говореше за причините поради кои се одлучиле да разобличат еден режим, што резултираше  со објавување на „бомбите“, но и за личното чувство во тие години додека собирале докази за аферата.

-Во тој период се создаде амбиент на приватизација на институцијата. Во еден момент јас бев во очај и мислев дека ова никогаш веќе нема да се сруши…За среќа преживеавме, но јас не можам да се повратам, едноставно не сум веќе истиот човек…Веројатно за еден живот вреди да се помине тоа, да си речеш „барем не сум живеел залудно“, вели најпознатиот македонски свиркач Ѓорѓи Лазаревски.

Костовски Лазаревски награда за слобода на говор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.