Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лазаревски за НоваТВ: Не знаеме со сигурност колку безбедни ќе бидеме во иднина

0
By Mirjana on December 12, 2021 ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Photo: DW
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски деновиве се повторно во фокусот на јавноста  како добитници на државната награда за човекови права „ Мето Јовановски“ за чинот на  „изнесување“ од поранешната УБК , на нелегално прислушувани разговори на околу 20.000 граѓани со што се размонтира еден општествен систем на функционирање преку полициските безбедносни служби за што  во извештајот на експертската група на Прибе ќе остане запишано “злоупотребени и онака прешироките ингеренции на УБК”, а “законски предвидената контрола, блокирана”. – Опфатот на нелегалното прислушување беше изненадувачки обемен и константно растечки а системот беше со поволни околности за злоупотреба, вели во интервју за НоваТВ, Ѓорѓи Лазаревски. Сатисфакцијата за направеното ја црпат од промените во безбедносните структури, Лазаревски вели дека се чувствуваат безбедно , но имало моменти кога не било така а со сигурност не знаат колку безбедни ќе бидат во иднина. 

НоваТВ: Господин Лазаревски како ја доживеавте државната  награда ,,Мето Јовановски“ која годинава се доделува за прв пат, а е од областа на човековите права и посебните заслуги за нив?

– Лично сметам дека до сега веќе требаше со години да постои државна награда за човекови права. Но никогаш не е доцна да се воспостави и особено ми е мило што го носи името на ценетиот писател и борец за човекови права Мето Јовановски. Од тука чувството да бидеме добитници на оваа награда во момент кога прв пат се воспоставува го доживувам како да се биде на вистинското место во вистинското време.

НоваТВ: Од оваа временска дистанца, како гледате на она што го правевте со вашиот колега Звонко Костовски, кој е исто така добитник на оваа државна награда, практично да откриете недозволени прислушувања на огромен број граѓани во примерок на кој би позавидела дури и своевремено источногерманската Штази, како што објави весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, но и сето тоа успешно да го извадите од депоата на УБК ?

– Опфатот на нелегалното прислушување беше изненадувачки обемен и константно растечки. Во извештајот на експертската група на Прибе се вели “злоупотребени и онака прешироките ингеренци на УБК”, а “законски предвидената контрола, блокирана”. Во такви поволни околности за злоупотреба, не изненадува масовноста на која би можела да позавиди и Штази.

НоваТВ: Дел од тие прислушувани разговори послужија како основа за кривични гонења и се процесуираа во судски случаи. Дали е доволно направено за општествово да се исчисти од тие и такви посегања по приватноста на луѓето за потоа истите да се условувани, уценувани..дали вредеше целиот тој ризик на кој свесно се изложивте Вие и Вашите семејства?

– Судски процеси се покренаа исклучиво во случаи каде индиции од снимените разговори добија поткрепа со материјални докази. Судскиот систем ќе ги истера до крај тие постапки, веројатно ќе има и ослободителни и осудителни пресуди, а веројатно некои разрешници ќе се добијат и во Стразбур. Важно е сите активни судски процеси да добијат квалитетна правна разрешница.Сатисфакција за нас и нашите семејства е што се случија сериозни општествени промени како што се реформата на безбедносниот систем и усвоениот закон за укажувачи. Имам впечаток на голем напредок во состојбата со слободата на говорот и подем во истражувачкото новинарство.

НоваТВ: Колку сте задоволни со Костовски од третманот од страна на државата како свиркачи. Дали се чувствувате безбедно, Вие и Вашите семејства, добивате ли закани?

– Ние немаме третман различен од било кој граѓанин, ниту дискриминирачки, ниту привилегиран. Се чуствуваме безбедно, но имаше периоди кога не беше така! Не знаеме со сигурност колку безбедни ќе бидеме во иднина.

НоваТВ: Што прави Ѓорѓи Лазаревски денес, 6-7 години од објавувањето на бомбите што СДСМ, како тогашна опозиција ги лиферуваше под насловот „Вистината за Македонија“. Дали очекувавте институцијата што беше конституирана за да гони криминал врз основа на нелегално прислушуваните разговори како СЈО и екс специјалната јавна обвинителка, дека ќе доживеат таков крај, што испрати вака „ горчлива “порака во јавноста?

– Јас сум пензионер веќе 20 месеци кои ги поминав претежно во изолација заради ковид-19 кризата, при што целосно сум посветен на семејството. Сите не шокираа случувањата со СЈО, институцијата која имаше историски веројатно најголема поддршка од граѓаните. Лично сметам дека мнозинството вработени во СЈО професионално си ја вршеа работата и се надевам дека тој сериозен кадровски потенцијал и понатаму ќе биде ангажиран.

НоваТВ: Господин Лазаревски, кога би имало потреба, дали би се внесле повторно во една таква операција, и што мислите се прислушува ли уште во државава, за нелегалното прислушување прашувам?

– Дали би влегол повторно во идентична операција е хипотетичко прашање кое не може да се одговори, особено што околностите кои постоеа тогаш не се споредливи со сегашноста. Мое мислење е дека безбедносните реформи обезбедија гаранција да нема нелегално прислушување. Но, не можам да тврдам дека не постои некоја системска аномалија која е превидена или може да се појави во иднина при технолошки надградби. Затоа системот треба да биде постојано тестиран со чести разновидни контроли, а јавноста константно да има увид во тие извештаи!

Мирјана Трпческа

 

интервју Лазаревски по добивање награда „ Мето Јовановски“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.